Breaking News

ЛОКАЛНО

Дискусија „Важноста на медиумската саморегулација за унапредување на професионалните стандарди“

Панел-дискусијата „Важноста на медиумската саморегулација за унапредување на професионалните стандарди“ денеска ќе се одржи во Скопје.  Во рамки на дискусијата ќе биде претставено истражувањето „Медиумската саморегулација во С. Македонија: Неопходно зајакнување на механизмите и унапредување на ефективноста“, подготвено од истражувачите на Македонски институт за медиуми (МИМ). Истражувањето се фокусира на …

Повеќе »

Министерот Николовски на редовен состанок со откупувачите на тутун во Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Тутунскиот комбинат – Прилеп ќе одржи редовен состанок со откупувачите на тутун. Според Државниот земјоделски инспекторат, откупот на тутунот не се одвива со посакуваната динамика. До 3 февруари беа откупени околу 9 000 тони по просечна цена од 330 денари …

Повеќе »

„Палјачи“ во Националната опера и балет

Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало вечер ќе биде изведена во Националната опера и балет. „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а во режија на Дејан Прошев.  Ќе настапи домашна солистичка екипа. Во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата …

Повеќе »

Инаугуративна седница за формирање на Советот за НАТО активности

Во Владата денеска ќе се одржи инаугуративната седница за формирање на Советот за НАТО активности. Како што соопшти владината прес-служба, на седницата ќе се обрати техничкиот премиер Талат Џафери.   Покрај Џафери, на седницата ќе се обратат и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и британскиот …

Повеќе »

Делови од Сарај и Гази Баба без вода

Поради почеток на реконструкција на ПС Сарај, прва фаза, денеска од 9:30 до 18 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите од населените места Сарај, Глумово, Долна Матка, Горна Матка, Љубин и Арнакија. Како што соопшти РЦУК – Скопје, во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите …

Повеќе »

Дел од Карпош без струја

Без струја денеска од 11:30 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Струшка“ од бр. 1 до бр. 15 во општина Карпош.  Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. мд/аа/Фото: МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »

ЈПДП организира посета на трасата на автопатот во изградба Кичево – Охрид, присутни ќе бидат и Бочварски и Рустеми

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Министерството за транспорт и врски денеска организираат посета на трасата на автопатот во изградба Кичево – Охрид. Целта е, како што информира ЈПДП, јавноста детално да се запознае со тековните состојби на трасата во изградба. Покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски …

Повеќе »

Собранието ќе ja одржи 140. седница

Собранието денеска ќе ја одржи новата 140- седница по изборот на техничката Влада. На дневен ред на оваа седница се 39 точки. На дневен ред на седницата е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри – Второ читање. Од Асоцијацијата …

Повеќе »

ЕУ ќе и донира седум амбулантни возила на скопската Итна помош

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, денеска на Службата за итна помош Скопје ќе и примопредаде седум возила за брза помош финансирани од ЕУ. Делегацијата на ЕУ, како што соопшти, обезбеди седум амбулантни возила финансирани од ЕУ за Итната помош во Скопје и Здравствениот дом Скопје. Возилата ќе …

Повеќе »

Владата ги потврди и прати до Собранието измените на Законот за рестриктивни мерки

– Владата ги потврди и прати до Собранието, измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои се прошируваат целите на законот, и се додава и „борба против корупцијата, злоупотребата на службената должност и хибридните закани врз државата“, се проширува основот со додавање на правните акти на САД и Обединетото Кралство …

Повеќе »