Breaking News

ЈПДП организира посета на трасата на автопатот во изградба Кичево – Охрид, присутни ќе бидат и Бочварски и Рустеми


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Министерството за транспорт и врски денеска организираат посета на трасата на автопатот во изградба Кичево – Охрид.


Целта е, како што информира ЈПДП, јавноста детално да се запознае со тековните состојби на трасата во изградба.


Покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, трасата ќе ја посетат и сите инволвирани страни вклучени во изградбата на автопатот, професори од Градежен факултет, проектанти, изведувачи и подизведувачи и надзор.

мч/аа/фото: МИА архива .


Извор: МИА