Breaking News

Стипендија за Летната школа по словачки јазик и за студии на универзитети во Индија за 2024/2025


  Амбасадата на Словачка во Скопје известува за нов повик за доделување една стипендија на кандидат од Северна Македонија за учество на 60.


Летна школа по словачки јазик и култура (Studia Academica Slovaca).


Како што објави Министерството за образование и наука, Летната школа ќе се одржува од 28 јули до 17 август 2024 со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава и од 29 јули до 9 август 2024 година со виртуелно присуство.

Во објавата на МОН се наведени веб-страници на кои се достапни повеќе информации за Школата и за апликацијата со која кандидатите треба да конкурираат, најдоцна до 7 мај 2024.


 МОН, исто така, го објави и известувањето на  Амбасадата на Индија во Софија  дека Индискиот совет за културни односи (ICCR – Indian Consul for Cultural Relations) доделува една стипендија за студенти од Северна Македонија за индиските универзитети и институти за академската 2024-2025, која почнува во август 2024.

Во објавата е достапна  веб-страницата со информации за стипендијата за која аплицирањето ќе трае до 31 мај 2024. хс/лв/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА