Breaking News

Поради модернизација на патни премини ќе бидат исклучени од работа премини помеѓу станици од Куманово-Романовце


Поради модернизација, патните премини кај кумановските села Романовце-Брзак, кај Липково и кај Превој нема да работат од 7 до 27 мај годинава, соопштија денеска од јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура – Скопје.


– Поради изведување на електромонтажни работи на сигнално сигурносните постројки односно реализација на проектот модернизација на АПБ,(автоматски пружен блок), (монтажа на бројачи на осовини), АПБ-то помеѓу станиците Куманово – Романовце, ќе биде исклучено од редовна работа на ден 7 мај до 27 мај годинава, информираа од претпријатието.


Сообраќајот помеѓу двете станици ќе се одвива во станично растојание, патните премини ПББ-2 на км 417+ 295 (с. Превој), патни премин ПББ-3 на км 418+082 (с.

Липково) и патниот премин ПББ-5 на км 419 + 403 (Романовце-Брзак) ќе бидат исклучени од работа.


Сообраќајот на овие премини ќе се одвива согласно постоечките сообраќајни правила и прописи кога патните премини не работат. ам/лв/Фото: скриншот МИА Романовце железница .

Извор: МИА