Breaking News

Дискусија „Важноста на медиумската саморегулација за унапредување на професионалните стандарди“


Панел-дискусијата „Важноста на медиумската саморегулација за унапредување на професионалните стандарди“ денеска ќе се одржи во Скопје.


 Во рамки на дискусијата ќе биде претставено истражувањето „Медиумската саморегулација во С.


Македонија: Неопходно зајакнување на механизмите и унапредување на ефективноста“, подготвено од истражувачите на Македонски институт за медиуми (МИМ).

Истражувањето се фокусира на клучните етички документи и ги анализира капацитетите, предизвиците и добрите практики што произлегуваат од работењето на релевантните механизми во оваа област, особено во дигиталното опкружување.


Како што е најавено, ќе се обрати евроамбасадорот Дејвид Гир, а во дискусијата ќе учествуваат претставници на сите активни и релевантни саморегулаторни тела – Советот за етика во медиумите, Советот на честа при ЗНМ, Етичката комисија во рамки на јавниот радиодифузен сервис МРТ, како и на медиумскиот регулатор – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во дебатата ќе бидат опфатени и прашања поврзани со очекувањата и предизвиците во врска со медиумското известување и јавната и политичка комуникација во онлајн просторот за време на предизборниот период.


Овие активности се реализираат во рамки на регионалниот проект „Нашите медиуми: Иницијатива за унапредување на медиумската писменост, дијалог и активизам“, ко-финансиран од Европската Унија.

мд/аа/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА