Breaking News

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана


Советот на општина Тирана на денешната седница донесе одлука со која за почесен граѓанин го прогласи претседателот на Демократската унија за интеграција,  Али Ахмети, јавија медиумите.


– На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Советот на општина Тирана денеска едногласно одлучи да му додели титула „Почесен граѓанин“ на албанскиот политичар Али Ахмети, во знак на благодарност за целиот негов придонес кон албанската заедница во Северна Македонија, јавија медиумите.


Титулата почесен граѓанин на Ахмети  се очекува да му биде врачена на 2 мај, од страна на Велиај. Претходно за почесен граѓанин Ахмети беше прогласен во косовскиот град Призрен. вт/бт/ .

Извор: МИА