Breaking News

ЛОКАЛНО

Конститутивен состанок на Советот НАТО-Украина во Вилнус, Ковачевски Самитот го оцени како уникатна можност за демонстрирање на единството на членките

– Конститутивен состанок на Советот НАТО-Украина ќе се одржи денеска на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус, што е една од трите мерки, кои сојузниците, ги усвоија вчера на првата сесија на Севронатланскиот совет на највисоко ниво во пакетот за приближување на Украина кон Алијансата. На Самитот во …

Повеќе »

Премиерот Ковачевски на свечена вечера на лидерите на НАТО

– Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Вилнус, каде што с одржува дводневниот Самит на НАТО, присуствуваше на свечената веќера во чест на лидерите на земјите членки на Алијансата и партнерските држави присутни на собирот. – Вечерва присуствуваме на свечена вечера, која во чест на шефовите на делегации на сојузниците на …

Повеќе »

Маричиќ-Ли: До ЕУ само со реформи, дијалог и регионална соработка, да се искористи моментумот

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска во Вашингтон имаше средба со со директорот на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот, Роб Ли, на која се разговараше за евроинтеграциски пат на Северна Македонија, за регионалната соработка и економското поврзување на регионот, соопшти СЕП. На средбата стана …

Повеќе »

Петровска на министерски состанок на Самитот на НАТО: Обединети и одлучни во гарантирањето на националната и колективната безбедност

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Вилнус учествуваше на неформалниот состанок на министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО кој се одржа во рамки на лидерскиот Самит на Алијансата, соопшти МО. На министерскиот состанок стана збор за зајакнувањето на одбраната и одвраќањето како концепт со кој се …

Повеќе »

Спасовски: Геноцидот во Сребреница претставува пораз на високите цивилизациски вредности

„Никогаш да не се повтори!“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил потсетувајќи дека денеска одбележуваме 28 години од едно од најголемите злосторства против човештвото, против слободниот демократски свет – геноцидот над цивилно население во Сребреница, Босна и Херцеговина, во кој беа убиени над 8. 000 …

Повеќе »

Министерство за правда: Судскиот совет пет месеци не презема мерки за утврдување на одговорност на вд претседателот на Основниот суд Куманово 

И покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб-страницата на Советот, информираат од Министерството за правда. Според министерството, Судскиот совет бил во работна посета на …

Повеќе »

Рамадани на Јавниот форум на НАТО во Вилнус

  Претседателот на Евро-атлантскиот совет на Северна Македонија, Исмет Рамадани ќе учествува на Јавниот форум на НАТО 2023 во Вилнус, Литванија, што НАТО го организира во соработка со Центарот за студии за Источна Европа, Германскиот Маршалов фонд на САД, Минхенската безбедносна конференција и Атлантскиот совет. Форумот, како што информираат од …

Повеќе »

Спречена недозволена трговија на фреон во боци 

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз. Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д. Г, соопштија денеска од Царинската управа. При царинска контрола на возилото …

Повеќе »

НСЕИ: Собранието има клучна улога во европските реформи и одредување на правецот на земјата

Улогата на Собранието како законодавен дом е клучна во носењето на законски решенија кои се неопходни за реализација на европските рефроми, но и во политичка одговорност за насоката на движење на земјата за постигнување на стратешката цел – членство во ЕУ. Ова, меѓу другото, беше истакнато на денешната заедничка седница …

Повеќе »

Ковачевски оствари билатерална средба со Калас, имаше и куса неформална средба со бугарскиот премиер Денков

Односите меѓу Северна Македонија и Естонија се традиционално добри и пријателски, проследени со континуиран и развиен политички дијалог, констатираа денеска во Вилнус, премиерот Димитар Ковачевски и премиерката на Естонија, Каја Калас, кои остварија средба на маргините на Самитот на НАТО. На средбата, како што информираат од Владата, присустувал и министерот …

Повеќе »