Breaking News

Инаугуративна седница за формирање на Советот за НАТО активности


Во Владата денеска ќе се одржи инаугуративната седница за формирање на Советот за НАТО активности. Како што соопшти владината прес-служба, на седницата ќе се обрати техничкиот премиер Талат Џафери.


  Покрај Џафери, на седницата ќе се обратат и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и британскиот амбасадор, Метју Лосон.


мч/аа/фото: МИА архива  .

Извор: МИА