Breaking News

Делови од Сарај и Гази Баба без вода


Поради почеток на реконструкција на ПС Сарај, прва фаза, денеска од 9:30 до 18 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите од населените места Сарај, Глумово, Долна Матка, Горна Матка, Љубин и Арнакија.


Како што соопшти РЦУК – Скопје, во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите и комплетно електромоторните погони на поле број 3 и поле број 4 во општина Сарај.


Поради замена на затварач Ф-100 милиметри на улица „Душан Тасковиќ“ 45 во населба Железара, од 8 часот без вода ќе бидат дел од жителите на општина Гази Баба.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите. мд/аа/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА