Breaking News

ЛОКАЛНО

МОН: Учениците и студентите денеска ги добија средствата за стипендии, продолжуваме да соработуваме и да ги поддржуваме

Министерството за образование и наука информира дека сите ученички и студентски стипендии на постојните корисници за учебната, односно академска 2023-2024 година се исплатени заклучно со месец јануари. За новите корисници, пак, исплатата ќе се реализира во текот на неделата. Наскоро ќе започне и етапната реконструкција на државните студентски домови. Потпишан …

Повеќе »

Во Кавадарци политика го растури состанокот на пензионери од иницијативни одбори од повеќе градови

Во Кавадарци политика го растури денешниот состанок на пензионери од иницијативни одбори од повеќе градови. По бројните обвинувања, несогласувања и повишување на тон од одделни пензионери, дел од нив ја напуштија средбата на која што требаше да се донесат заклучоци околу идното делување на овие пензионери, кои во изминатиот период …

Повеќе »

Ковачевски за пронајдениот куршум во дворот на Таравари: МВР на ист начин ригорозно да интервенира, како и со вчерашниот случај

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека загрижува информацијата за пронајден куршум во дворот на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и посочи дека доколку е точна, МВР треба да интервенира и во овој случај, исто како што интервенираше во врска со вчерашниот напад на директор на владина институција. …

Повеќе »

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

– Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните …

Повеќе »

Синдикатот на Клинички со поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) во државата, дава целосна поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО – УПОЗ, што започна денеска, изјави попладнево претседателот на овој синдикат, Предраг Серафимовски. – Покачувањето на минималната плата без скалесто покачување на останатите …

Повеќе »

Бислимоски: Стратешките енергетски инвестиции ќе ги преполоват сметките за парно, а државата ќе извезува струја

Со влезот на стратешките енергетски инвестиции ќе се зголеми енергетската независност на земјава и сметките за парно ќе се преполоват, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски. -Одлично е што ќе имаме конечно француска инвестиција и заедно со …

Повеќе »

ИНРМ бара од пратениците да не ги поддржат четирите предлог закони за реализација на стратешки енергетски инвестициски проекти

Здружението на инженери на Република Македонија (ИНРМ) достави допис и упати електронска порака до секој пратеник во Собранието поединечно, со кои бараат да не даваат поддршка на четирите, како што велат, штетни предлог закони за реализација на стратешки енергетски инвестициски проекти што се на дневен ред на 140-тата собраниска седница …

Повеќе »

Вработените во Фондот за здравствено осигурување стапија во штрајк (ДПЛ)

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) стапија во штрајк. Сите подрачни единици, како што беше најавено, денеска нема да извршуваат работни задачи, освен оние најитните. Рецепти и упати се издаваат, но нема исплати за надомест за породилно и за исплата на боледување. – Револтот кај вработените е огромен. Штрајкуваат …

Повеќе »

Неиспукан куршум оставен пред вратата од домот на Таравари (ДПЛ)

– Неиспукан куршум бил оставен пред влезната врата на домот во кој живее градоначалникот на општина Гостивар и претседател на политичката партија Алијанса за албанците Арбен Таравари. Од кабинетот на градоначалникот за МИА потврдија дека случајот е пријавен во полиција. Од СВР Тетово информираа дека во 9 часот и 34 …

Повеќе »

Тошковски на средба со шефот на Основно јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска имаше средба со Гаврил Бубевски, шефот на Основно јавно обвинителство Скопје. На средбата, како што соопшти МВР, се разговараше за тековните активности и потребата од високото ниво на институционална соработка помеѓу министерството и ОЈО Скопје како две најодговорни институции во …

Повеќе »