Breaking News

Неиспукан куршум оставен пред вратата од домот на Таравари (ДПЛ)


– Неиспукан куршум бил оставен пред влезната врата на домот во кој живее градоначалникот на општина Гостивар и претседател на политичката партија Алијанса за албанците Арбен Таравари.


Од кабинетот на градоначалникот за МИА потврдија дека случајот е пријавен во полиција. Од СВР Тетово информираа дека во 9 часот и 34 минути Ј. Џ.


(42) од Гостивар пријавил дека пред влезната врата од куќата на 50-годишниот гостиварец А. Т. во Гостивар било пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7, 62 милиметри.

Екипа од СВР Тетово-ОВР Гостивар извршила комплетен увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење. -Се расчистува и документира случајот, информираат до СВР Тетово.


Куршумот кој најверојатно според калибарот и големината е за автоматска пушка (7,62мм) го пронашол Таравари кога утрово околу 8 часот излегувал за на работа.  згм/аа/Фото: МИА; Општина Гостивар  .

Извор: МИА