Breaking News

Тошковски на средба со шефот на Основно јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски


Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска имаше средба со Гаврил Бубевски, шефот на Основно јавно обвинителство Скопје.


На средбата, како што соопшти МВР, се разговараше за тековните активности и потребата од високото ниво на институционална соработка помеѓу министерството и ОЈО Скопје како две најодговорни институции во контекст на гонење на криминалот, независно од тоа што во моментот владее техничка влада задолжена за спроведување на избори.


– Исто така, од страна на министерот Тошковски беше потенцирана заложбата за обезбедување на фер и демократски избори, па во таа насока МВР и ОЈО Скопје треба да бидат гаранција за безбедноста на изборите кои не очекуваат и сите противзаконски активности насочени кон рушење на кредибилитетот на изборниот процес да бидат соодветно санкционирани согласно законот, се наведува во соопштението.

са/Фото: МВР  .


Извор: МИА