Breaking News

МОН: Учениците и студентите денеска ги добија средствата за стипендии, продолжуваме да соработуваме и да ги поддржуваме


Министерството за образование и наука информира дека сите ученички и студентски стипендии на постојните корисници за учебната, односно академска 2023-2024 година се исплатени заклучно со месец јануари. За новите корисници, пак, исплатата ќе се реализира во текот на неделата.


Наскоро ќе започне и етапната реконструкција на државните студентски домови. Потпишан е договор за изведба на градежните работи и подготвителните активности се во тек. Исто така, годинава предвидени се и реконструктивни активности во ученичките домови.


Остануваме во комуникација со организациите кои ги застапуваат учениците и студентите и заедно и во иднина ќе ги носиме одлуките кои ги засегаат, велат од МОН.

Извор: МИА