Breaking News

ВЕСТИ

Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување. Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките …

Повеќе »

Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест

Денот на трудот 1 Мај (среда) и понеделник (6 мај) вториот ден на Велигден според православниот календар се неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Исто така, од МТСП информираат дека Велики петок (3 мај) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република …

Повеќе »

Абдиу Халили – Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу – Халили денеска оствари средба со вицепремиерката за европски прашања на Молдавија Кристина Герасимов, соопштија од СЕП. Абдиу – Халили истакнала дека на средбата се разговарало за соработката и техничката помош што ние како држава можеме да ја понудиме во однос …

Повеќе »

На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува

Поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Штетата дополнително ќе се утврдува, информира денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, по поплавата што се …

Повеќе »

Пожар избувна во куќа зад Универзална сала

Пожар избувна денеска во куќа на улицата „Борка Талески“ зад Универзалната сала. Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски за МИА информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила. Тој нагласи дека во пожарот што веќе е згаснат нема повредени. фф/дма/Фото: МИА Архива . Извор: МИА

Повеќе »

Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија „Шахтерм“ во ТИРЗ

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“ Фарук Шахин потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во земјава. Како што информира ТИРЗ, со договорот, што го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со …

Повеќе »

Крводарителска акција во Уставниот суд по повод 60 години од своето постоење

Под мотото „Биди хуман – спаси живот” Уставниот суд организира крводарителска акција што ќе се одржи на 30 април, во периодот од 9 до 14 часот, во просториите на Судот.  -Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот …

Повеќе »

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на премијата

Министерството за финансии (МФ) во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. Притоа, …

Повеќе »

На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно, поплавени простории

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката. Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.   МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот …

Повеќе »

Одржана редовна седница на Советот на Народната банка

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 25 април 2024 година, го усвои Годишниот извештај на Народната банка за 2023 година, во кој се наведува дека мерките и политиките на Народната банка спроведени минатата година, овозможија успешно одржување на стабилноста на девизниот курс и справување со инфлацијата, којашто од највисокото ниво …

Повеќе »