Breaking News

ВЕСТИ

Мизрахи: Заклучоците кои ги прочитав пред Анкетната комисија немаат политички наратив

– Заклучоците кои ги прочитав пред Анкетната комисија немаат политички наратив, во нив нема ниту еден политички збор, беа доставени до сите медиуми, а се однесуваат на одговорности, односно посочуваат лица коишто ги занемариле законот или пак законите во своето функционирање. Ова денеска го истакна пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на …

Повеќе »

Балтичките земји ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради присуството на Лавров

Естонија, Летонија и Литванија соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, доколку присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на нашата …

Повеќе »

ИМА ја промовираше седмата публикација на анализи „Медиумите и човековите права“

Институтот за медиуми и аналитика ИМА Скопје денеска ја промовираше седмата публикација на анализи „Медиумите и човековите права“ во кои се содржани повеќе анализи и студии на случај за примери од праксата на новинарско известување во кои во дел постојат прекршувања на Кодексот и човековите права. Народниот правобранител на Република …

Повеќе »

Укината забраната за тешки товарни возила преку Стража

Од 13:10 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патен правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража и обратно, информира АМСМ. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку Стража беше воведена во 12:20 часот. ир/са Фото: МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »

Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се пониски за 0,9 отсто на месечно ниво и за 3,9  отсто на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски …

Повеќе »

Зголемени трошоците за изградба на нови објекти за индивидуално домување 

 Трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од годинава се повисоки за 0,4  отсто отколку во второто тримесечје,  додека трошоците за материјали се пониски за 1,8, а трошоците за вработените се повисоки за 4,2  отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во …

Повеќе »

Ковачевски ќе го промовира деветтиот пакет антикризни мерки

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Владата ќе го промовира деветтиот пакет антикризни мерки, наменети за најранливите категории граѓани.  Со мерките, како што најави вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе бидат опфатени над 400 000 граѓани, –  пензионери,  ученици, студенти, самохрани родители.  -Средствата од солидарниот данок ќе …

Повеќе »

Маркоска:Мизрахи да закаже седница на Анкетната комисија за Онкологија

Пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска денеска на прес-конференција изјави дека претседателката на Анкетната комисија за онкологија Рашела Мизрахи нема закажано седница на која треба да се разгледаат заклучоците од работата на Комисијата.  – Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката …

Повеќе »

Тренчевска: Преку програмите за воспитание и образование влијаеме на подобра интеграција и развој на децата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се …

Повеќе »

Ивановска очекува Комисијата за селекција да не дозволи притисоци при изборот на новиот состав на ДКСК

– Не ми се допаѓа тоа што многу политички експонирани личности се пријавија на интервјуата за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Вака, претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска ја оценува досегашната постапка за избор на нови членови, бидејќи мандатот на овој состав на Комисијата …

Повеќе »