Breaking News

Крводарителска акција во Уставниот суд по повод 60 години од своето постоење


Под мотото „Биди хуман – спаси живот” Уставниот суд организира крводарителска акција што ќе се одржи на 30 април, во периодот од 9 до 14 часот, во просториите на Судот.


 -Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење.


Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени околу 30 дарители од Уставниот суд, соопштија од Судот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд, како што е наведено во соопштението, изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.


дма/сст/Фото: Уставен суд  .

Извор: МИА