Breaking News

СВЕТ

Приднестарските сепаратисти побараа руска заштита од Молдавија

Властите во Приднестровие денеска усвоија официјална декларација со која бараат од Русија да ги заштити од Молдавија, која неодамна воведе мерки за економски притисок врз овој, свој проруски сепаратистички регион. Според декларацијата, сепаратистичките власти сакаат Москва „да преземе мерки за заштита на Приднестровие во услови на зголемен притисок од Молдавија“. …

Повеќе »

Австриската Влада најави една милијарда евра за изградба на нови станови

– Австриската Влада планира да потроши една милијарда евра за зајакнување на забавениот сектор за домување во земјата, најавија канцеларот Карл Нехамер и вицеканцеларот Вернер Коглер. Парите на австриските даночни обврзници треба да се инвестираат во изградба на 10. 000 станови во сопственост и исто толку станови за издавање, како …

Повеќе »

Зеленски: Балканските земји се под закана од Русија; Рама: Има реална закана од Русија, не треба да си играме со оган

– Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција по Самитот Украина – Југоисточна Европа, предупредија на руската закана на Балканот. -Фактот што сме денесka овде, на заедничка маса, е важен пример дека дојдовме и станавме обединети. Мислам дека ова што се случува сега е вистинскиот …

Повеќе »

Истражување: Сиромаштијата, невработеноста и високите цени на основните артикли се најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово

Според истражувањето „Пулсот на јавноста“ објавено денеска од Програмата на ОН за развој (УНДП), најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово се сиромаштијата (28,6 отсто), невработеноста (19,2 отсто) и високите цени на основните артикли (8,9 отсто). Потоа следат здравствените услуги (осум отсто) и проблемите на урбаниот простор (3,8 …

Повеќе »

Зеленски предложи Украина и балканските земји заеднички да произведуваат муниција

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешниот Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана предложи дека треба да се формира посебен форум за одбранбената индустрија помеѓу Украина и земјите од Западен Балкан. – Горди сме што во Украина работат околу 500 одбранбени компании, но тоа не е доволно за да …

Повеќе »

Нешиќ: Полицијата во БиХ уапси 10 шверцери на мигранти

Полицијата во Босна и Херцеговина досега уапсила најмалку десет лица за кои е утврдено дека се членови на криминални групи поврзани со криумчарење мигранти, изјави министерот за безбедност на БИХ, Ненад Нешиќ. Тој рече дека во БиХ дејствуваат најмалку шест вакви организирани криминални групи, што вчера го потврди и хрватскиот …

Повеќе »

Британските власти обвинија шесто лице за шпионирање во корист на Русија

Велика Британија покрена обвинение против шестото лице осомничено дека е руски шпион, соопшти Државното обвинителство. „Тихомир Иванчев (38) ќе биде обвинет за здружување поради собирање, снимање, објавување или пренесување документи или информации кои би можеле да бидат или биле наменети да бидат директно или индиректно корисни за цели штетни за …

Повеќе »

Лавров ќе присуствува на Дипломатскиот форум во Анталија

– Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска најави дека шефот на дипломатијата Сергеј Лавров ќе присуствува на Третиот дипломатски форум во Анталија, што ќе се одржи од 1 до 3 март. Лавров ќе отпатува за Турција на покана на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. …

Повеќе »

Националната гарда на САД ги приземји сите хеликоптери

Сите хеликоптери на Националната гарда на САД се приземјени поради извршување безбедносни проверки, по низата инциденти на овие летала во кои имаше смртни случаи. Началникот на Националната гарда, генерал-полковник Џон Џенсен и нареди на авијацијата безбедносно приземјување за да се „преиспитаат безбедносните процедури и мерки“ по падот на хеликоптерот Aх-64Д …

Повеќе »

Вјоса Османи: Украина ќе ја признае независноста на Косово кога ќе извојува победа над Русија

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска во Тирана изрази уверување дека Украина ќе ја признае независноста на Косово кога ќе победи во војната против Русија. Пред почетокот на Самитот за Украина, кој се одржува во Албанија, таа рече дека Косово ја разбира несекојдневната ситуација во која сега се наоѓа украинскиот народ. …

Повеќе »