Breaking News

Лавров ќе присуствува на Дипломатскиот форум во Анталија


– Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска најави дека шефот на дипломатијата Сергеј Лавров ќе присуствува на Третиот дипломатски форум во Анталија, што ќе се одржи од 1 до 3 март.


Лавров ќе отпатува за Турција на покана на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.


Захарова истакна дека на средбата Лавров – Фидан ќе се разговара за регионални и меѓународни прашања, вклучително и билатералната соработка во областа на енергетиката, безбедноста, банкарството и туризмот, како и за ситуацијата во Украина, Јужен Кавказ, Сирија, Либија и за Палестинците.

 ми/фото: ЕПА .


Извор: МИА