Breaking News

Австриската Влада најави една милијарда евра за изградба на нови станови


– Австриската Влада планира да потроши една милијарда евра за зајакнување на забавениот сектор за домување во земјата, најавија канцеларот Карл Нехамер и вицеканцеларот Вернер Коглер.


Парите на австриските даночни обврзници треба да се инвестираат во изградба на 10. 000 станови во сопственост и исто толку станови за издавање, како и во реновирање на 5.


000 постоечки станови, истакнаа Нехамер и Коглер.

Покрај тоа, владејачката коалиција на Нехамеровата конзервативна Австриска народна партија (ОВП) и Зелените на Коглер се обидуваат да им обезбедат пари на австриските сојузни држави ниски каматни стапки за станбените кредити.


Исто така се укинуваат и давачките за упис во катастар за првиот имот до вредност од 500. 000 евра. Мерките ќе се применуваат во наредните 2,5 до три години. ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА