Breaking News

СВЕТ

Нобоа: Владата на Еквадор се откажа од планот за размена на оружје со САД

Владата на Еквадор се откажува од планот за размена на застарено советско оружје за ново оружје од Соединетите Американски Држави, изјави претседателот Даниел Нобоа, откако дознал дека старото оружје треба да се испрати во Украина. Нобоа, кој се обидува да се справи со влошената безбедност во неговата земја и назначи …

Повеќе »

Читаку: Курти се конфронтира со САД и ЕУ за да ги скрие скандалите во внатрешното владеење

– Потпретседателката на опозициската Демократска партија на Косово, Влора Читаку, ја обвини Владата на Косово и владејачката партија Движење самоопределување (ВВ) за лошо владеење, велејќи дека кризите и конфликтите што ги создаваат со сојузниците на Косово ги засенуваат „последователните скандали во внатрешното владеење“, јави дописникот на МИА од Приштина. Читаку …

Повеќе »

Институциите на ЕУ осветлени во боите на знамето на Украина  

По повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе згради во Брисел, вклучително и институциите на ЕУ, минатата ноќ беа осветлени во боите на украинското знаме. – ЕУ ја потврдува непоколебливата поддршка за Украина со се што е потребно, со цел таа да победи во оваа војна …

Повеќе »

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во зграда во источна Кина

Најмалку 15 лица загинаа, а 44 се повредени синоќа во пожар во станбена зграда во кинескиот град Нанџинг, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти. Едно лице е во критична состојба, соопштија денеска властите. Според информациите од прелиминарната истрага, пожарот избувнал вчера рано наутро на првиот кат од зградата, каде …

Повеќе »

Во Тирана отворена изложба со фотографии за руската агресија врз Украина, Рама: Стоиме рамо до рамо до украинскиот народ

Во Центарот за отвореност и дијалог во Тирана отворена е изложба со 50 фотографии, визуелни докази за руската агресија врз украинскиот народ, дел од истоимената книга на групата фоторепортери од целиот свет, објавија албанските медиуми. На отворањето, премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека оваа изложба доаѓа во пресрет на …

Повеќе »

Судот му нареди на Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари во случајот за измама во Њујорк

Судија од Њујорк му нареди на Доналд Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари откако беше прогласен за виновен за фалсификување податоци за неговата финансиска состојба. Одлуката е донесена по тужба за граѓанска измама против поранешниот претседател поднесена од државниот обвинител на Њујорк, објавија агенциите. Сумата вклучува казна од …

Повеќе »

Американската војска соопшти дека уништила седум противбродски ракети на Хутите

САД објавија дека уништиле седум противбродски крстосувачки ракети на јеменските шиитски бунтовници Хути. Според американската војска, тие биле подготвувани да гаѓаат цели во Црвеното Море. „На 23 февруари, американската централна команда (ЦЕНТКОМ) уништи седум мобилни противбродски крстосувачки ракети на Хутите поддржани од Иран, кои беа подготвени да бидат лансирани во …

Повеќе »

Зеленски најави нови договори кои ќе ја зајакнат украинската армија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека се во тек подготовки за склучување нови договори со странски партнери кои ќе ги зголемат капацитетите на украинските вооружени сили. „Се подготвуваме во наредните недели да продолжиме со исклучително засилената активност што ја спроведуваме на меѓународно ниво. Ќе има нови договори кои ќе ги …

Повеќе »

Канада воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина

Канада, во координација со САД и Велика Британија, објави дека воведува санкции за 10 лица и 153 организации поврзани со Русија поради нејзината инвазија на Украина. Санкциите се насочени кон поединци и организации кои ја поддржуваат војната преку финансирање, логистика и нивно избегнување. Списокот вклучува високи функционери во приватни и …

Повеќе »

Десетмина загинати во пожарот во станбена зграда во Валенсија

Десет лица загинаа, а 15 се повредени во пожар што избувна во четвртокот попладне во станбена зграда во Валенсија, на југоистокот на Шпанија, објавија нов биланс локалните власти, додавајќи дека продолжува потрагата по други евентуални жртви. „Можеме да потврдиме дека се пронајдени вкупно десет тела“, се наведува во соопштението и …

Повеќе »