СВЕТ

Убиени двајца кандидати за градоначалник во Мексико

Во малиот град Мараватио во централно Мексико, двајца кандидати за функцијата градоначалник беа убиени во еден ден, јави ДПА. Мексиканската конзервативна опозициска Национална акциона партија (ПАН) вчера побара од властите да спроведат темелна истрага за убиствата и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Армандо Перез од ПАН и …

Повеќе »

Соборени пет дрона на Хутите во Црвено Море

Американската војска соопшти дека нејзин авион, помогнат од воен брод, соборил пет офанзивни беспилотни летала во Црвеното Море, што биле лансирани од областите под контрола на јеменските бунтовници Хути.  Дроновите „претставуваа непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица и коалицијата во регионот“, се наведува во соопштението на …

Повеќе »

Медиуми: Трамп победи на прелиминарните републикански избори во Мичиген

– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на републиканските претседателски прелиминарни избори во државата Мичиген, јавија американските телевизиски канали Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си врз основа на нивни прогнози. Ривалката на Трамп, Ники Хејли, претрпе пораз. Тие имаа 30 процентни поени разлика откако беа преброени околу 10 отсто од гласовите. Трамп и …

Повеќе »

Полицијата уби девет лица во рации на криминални босови во Рио де Жанеиро

Најмалку девет лица се убиени во голема полициска операција во неколку сиромашни населби во бразилската метропола Рио де Жанеиро, објавија денеска бразилските медиуми, пренесе ДПА. Двајца полицајци се повредени, а пет лица се приведени, јавуваат локалните медиуми. Според полицијата, убиените се криминалци. Многу училишта со илјадници ученици беа затворени поради …

Повеќе »

Во Гент 29 европски земји потпишаа Декларација за модернизација на јавната администрација 

– Претставници на 29 земји од Европа и на Европската унија во белгискиот град Гент потпишаа Декларација со која се обврзуваат за изградба на јавни администрации кои подобро ќе ги отсликуваат нивните општество, ќе имплементираат поголем број политики засновани на податоци и ќе воспостават рамнотежа помеѓу вработените државни службеници и …

Повеќе »

Зеленски на средба со принцот на Саудиска Арабија, разговарале за мировната формула на Киев за ставање крај на конфликтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Саудиска Арабија имаше средба со со принцот престолонаследник Мохамед бин Салман за текот на руската двегодишна инвазија на Украина, истакнувајќи ги напорите на кралството да најде решение за ставање крај на војната. Според соопштението на веб-страницата на Зеленски, двајцата разговарале за мировната формула на …

Повеќе »

ОДИХР за изборите во Србија: За нови избори треба да се применат постојните и новите препораки, да се изменат законите, да се спречи притисок врз глас…

Пред новите избори треба да се спроведат постојните и новите препораки, вклучувајќи измени на законот за избирачки список, спречување на заплашување и притисок врз гласачите, спречување  функционерски кампањи и воведување разумни кратки рокови за одлуките на Уставниот суд, се наведува, меѓу другото, во долгоочекуваниот извештај на ОДИХР за декемвриските избори …

Повеќе »

Бајден со лидерите на Конгресот ги разгледа помошта за Украина и заканата од блокада на Владата

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ги прими конгресните лидери и изјави дека е неопходно да се најде решение за финансирање на Владата, истовремено и да се даде помош на Украина. Во својот кабинет тој ги прими водечките демократи и републиканци во Претставничкиот дом и во Конгресот. – …

Повеќе »

Абдула Втори: Помошта за Газа мора да се удвои за да се избегне катастрофа

Помошта за Појасот Газа мора да се удвои за да се избегне влошување на и онака „катастрофалната хуманитарна ситуација“, изјави денеска јорданскиот крал Абдула Втори. „Меѓународната заедница треба да изврши поголем притисок врз Израел за да ги олабави ограничувањата за снабдувањето со храна за Газа“, и рече јорданскиот монарх на …

Повеќе »

САД нема да испратат војници да се борат во Украина, соопшти Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден беше јасен дека САД нема да испратат војници да се борат во Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон. Таа додаде дека Бајден верува дека „патот до победата“ е преку испраќање воена помош од САД за Украина, која во моментов е блокирана од …

Повеќе »