Breaking News

СВЕТ

Бела куќа: Израел мора да им обезбеди на муслиманите пристап до Ѕидот на плачот во текот на Рамазан

 Портпаролот на Белата куќа, Метју Милер, го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до Ѕидот на плачот во Ерусалим за време на Рамазан. -Не само што е вистинската работа, не е само прашање да им се даде на луѓето верската слобода што ја заслужуваат, на која …

Повеќе »

Сунак: „Владеењето на толпата“ ја заменува демократијата во Британија, ќе се преземат мерки

Велика Британија запаѓа во „владеење на толпата“ и полицијата ќе стори повеќе за да ја заштити демократијата во земјата, рече премиерот Риши Сунак, откако британската влада најави дополнителни средства за заштита на пратениците. – Има се поголем консензус дека владеењето на толпата го заменува владеењето на демократијата. И заедно, сите …

Повеќе »

САД размислуваат за воздушен транспорт на хуманитарна помош во Газа

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајен ја разгледува можноста за испраќање хуманитарна помош во Појасот Газа со воени авиони, бидејќи испораката од копно станува се потешка, јавија британски медиуми, повикувајќи се на неименуван американски извор. Покрај тоа, Канада ќе започне со воздушно испраќање помош во Газа во текот на следната …

Повеќе »

Во Конгресот постигнат договор за привремено финансирање на американската Влада

Демократските и републиканските лидери во Конгресот на САД постигнаа договор за финансирање на 12 федерални програми во тековната фискална година, што ќе спречи делумно затворање на американската федерална Влада, што ќе се случеше во сабота, пренесува Гласот на Америка. Договорот, одобрен од лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, треба да …

Повеќе »

Францускиот Сенат одобри абортусот да стане уставно право

– Францускиот Сенат денеска донесе закон врз основа на кој правото на жената на абортус ќе стане дел од францускиот Устав. Ова го вети претседателот Емануел Макрон, откако Врховниот суд на САД минатата година престана да го штити абортусот како федерално уставно право на жените и ја препушти регулативата на …

Повеќе »

Бајден е сè уште способен за должност, изјави неговиот лекар по годишниот преглед

Американскиот претседател Џозеф Бајден „останува подготвен за должност“, напиша синоќа неговиот лекар откако беше подложен на „годишен претседателски преглед“ додека 81-годишниот шеф на државата бара реизбор. -Претседателот Бајден е здрав, активен, робустен 81-годишен маж кој останува способен успешно да ги извршува должностите на претседателството, напишал лекарот Кевин О’Конор во меморандумот …

Повеќе »

Вулканот Попокатапетл предизвика хаос на аеродромите во Мексико

Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи вчера соопшти дека вулканот Попокатепетл, што се наоѓа на само 80 километри од главниот град, еруптирал дури 13 пати во претходните 24 часа и го повика населението на внимателност од лавата и пепелта што ги исфрла. Вулканската пепел уште во вторникот ги прекина летовите …

Повеќе »

Трамп не може да ја плати казната од 450 милиони, каматата расте за 112.000 долари секој ден

– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да плати целосна кауција по пресудата за измама од 454,2 милиони долари и предлага банкарска гаранција од 100 милиони долари под закана од одземање, изјавија вчера неговите адвокати. Трамп ја обжали пресудата од 16 февруари на судијата Артур Енгорон од државниот суд …

Повеќе »

Хамас: Во Појасот Газа над 30.000 загинати, само ноќеска 79

Министерството за здравство на Хамас утринава соопшти дека бројот на загинати во Појасот Газа се зголемил на „повеќе од 30. 000“ од почетокот на конфликтот со Израел на 7 октомври. „Бројот на убиените се зголеми на повеќе од 30. 000“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на палестинското …

Повеќе »

Чешките законодавци го отфрлија барањето за легализирање на истополовите бракови

Долниот дом на чешкиот Парламент вчера го отфрли барањето за легализирање на истополовите бракови, јави ДПА. Истополовите двојки во земјата со 10,5 милиони жители можеа да регистрираат граѓанско партнерство од 2006 година. Сепак, паровите не можат заеднички да посвојуваат деца, да поседуваат заеднички имот или да добиваат пензии за вдовци …

Повеќе »