Breaking News

Јавна дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“


Јавна дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“ ќе се одржи денеска во Клубот на органите на државната управа (Клуб на пратеници).


Како што е најавено, ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Ана Чупеска-Станишковска, претставник на академската заедница.


Јавната дискусија ќе ја води Роберт Алаѓозовски, претседател на Координативното тело за изготвување на Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија.

мд/са/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА