Breaking News

Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени


Времето денеска во западните делови ќе биде претежно сончево и тивко, а во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.


Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во западните делови.


Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег на планините и на некои од повисоките места. Температурите ќе бидат во опаѓање. мч/аа/фото: МИА архива .


Извор: МИА