Breaking News

Настан за зајакнување на судството и заштитата на младите во дигиталната ера


– Подигнување на свеста на судството и на младите за важноста на заштитата на правото на приватност во дигиталниот простор е целта на настанот „Зајакнување на судството и заштитата на младите во дигиталната ера“, што го организираат Агенцијата за заштита на личните податоци, Делегацијата на Европската Унија, Центарот за правни истражувања и анализи и Македонско здружение на млади правници, во пресрет на 28 јануари – Европскиот ден за заштита на личните податоци.


На настанот, воведни обраќања, како што е најавено, ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, директорот на Агенција за заштита на личните податоци Имер Алиу, директорката на Академија за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска, претседателката на Извршен одбор на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафировска и претседателката на Македонско здружение на млади правници Александра Цветановска.


Настанот е организиран во рамки на проектот „Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот“ финансиран од ЕУ, а имплементиран од Центар за правни истражувања и анализи и Македонско здружение на млади правници.

аа/са/Фото: принтскрин    .


Извор: МИА