Breaking News

СВЕТ

Зеленски: Украина и Полска се способни да ги надминат разликите

Украина и Полска се во состојба да ги решат проблематичните прашања во односите меѓу двете земји, вклучително и протестите на полските граници, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата во Киев со полскиот премиер Доналд Туск. Британските медиуми потсетуваат дека во последните месеци односите меѓу Киев и Варшава се …

Повеќе »

Копретседателката на партијата АДФ, Вајдел: Ако победиме, можен е референдум за излегување на Германија од ЕУ

Копретседателката на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) Алис Вајдел денеска во интервју за „Фајненшл Тајмс“ рече дека британскиот референдум за напуштање на Европската унија е добар пример што Германија може да го следи. Таа рече дека нејзината партија, доколку дојде на власт, сака да ја реформира ЕУ и …

Повеќе »

Шефот на иранската дипломатија в понеделник ќе го посети Пакистан

Пакистанското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир- Абдолахијан следната недела ќе го посети Исламабад, пренесоа британските медиуми. Се очекува до петок амбасадорите на двете земји, кои изминативе денови беа вратени во татковините, да се вратат во своите амбасади, додаваат од Министерството за …

Повеќе »

ЕУ воведе дополнителни санкции за поткопување на стабилноста на Судан 

Советот за надворешни работи на Европската Унија на денешното заседание во Брисел донесе одлуки за проширување на листата на субјекти кои се предмет на рестриктивни мерки во врска со ситуацијата во Судан и ги одобри заклучоците за приоритетите на ЕУ во релевантните форуми за човекови права на ОН во 2024 …

Повеќе »

Одобрени 209 милиони евра преку „ИнвестЕУ“ за производство на „зелен челик“ во Шведска 

Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Нордиската инвестициска банка (НИБ) заеднички ќе финансираат проект за отворање на големиот капацитет за производство на „зелен челик“ на компанијата „Ха2 Грин Стил“ во северна Шведска.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕИБ ќе придонесе во проектот со 314 милиони евра, од кои …

Повеќе »

Албарес: Шпанија во Брисел се залага за итен прекин на огнот во Газа и признавање на палестинската држава

Шпанија ќе се залага за траен прекин на огнот во Појасот Газа и признавање на палестинска држава на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во Брисел, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес. Во пресрет на средбата Албарес рече дека целата меѓународна заедница треба …

Повеќе »

Кремљ соопшти дека не контактирал со Трамп за конфликтот во Украина

Кремљ не контактирал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за прашања поврзани со решавање на конфликтот во Украина, соопшти руското претседателство. Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, руското раководство нема идеја како точно Трамп има намера да го реши проблемот доколку победи на изборите. – Не, немаме информации како тоа …

Повеќе »

Бел штрајк на хрватските судии и обвинители

– Судиите и обвинителите во Хрватска од денеска стапија во бел штрајк, кој ќе трае до 2 февруари. За време на штрајкот ќе се работи само на предметите кои би можеле да застарат. Здружението на хрватските судии соопшти дека од денеска почнува нов циклус на предупредувачки мерки, но и оти …

Повеќе »

СЗО: Без нови договори за борба против пандемии, на удар ќе бидат идните генерации

Земјите-членки ризикуваат да го пропуштат мајскиот рок за постигнување обврзувачки договор за борба против пандемии, што би било голем удар за идните генерации, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Новиот договор и унапредување на постојните правила за справување со пандемии ќе имаат за цел …

Повеќе »

Кац: Главни цели на Израел се враќање на заложниците и на безбедноста 

Со моите колеги од ЕУ ќе разговараме за две цели – за враќање на заложниците и за поддршката на Израел во разбивањето на Хамас, кој изврши брутален напад врз нас, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац при пристигнувањето на заседанието на Советот за надворешни работи на Европската …

Повеќе »