Breaking News

Шефот на иранската дипломатија в понеделник ќе го посети Пакистан


Пакистанското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир- Абдолахијан следната недела ќе го посети Исламабад, пренесоа британските медиуми.


Се очекува до петок амбасадорите на двете земји, кои изминативе денови беа вратени во татковините, да се вратат во своите амбасади, додаваат од Министерството за надворешна политика.


Иранското Министерство за надворешни работи во текот на денот ја потврди посетата на Абдолахијан и прецизираше дека таа ќе се случи на 29 јануари.

 Британските медиуми, исто така, соопштија дека двете земји уште еднаш ќе ги разменат амбасадорите, додавајќи дека Техеран и Исламабад ќе ги нормализираат односите.


Овие денешни сигнали за обновување на врските меѓу двете земји доаѓаат откако минатата недела и Иран и Пакистан извршија напади со ракети и беспилотни летала, за кои Техеран и Исламабад соопштија дека биле насочени кон милитантите кои дејствуваат од двете страни на границата.

Тоа беа два најсериозни инциденти на границата меѓу двете земји во последните години, забележуваат британските медиуми. сд/ .


Извор: МИА