СВЕТ

Приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, одбраната на демократија и владеење на правото главни теми на ГАК 

Приоритетите на белгиското претседателство со Европскиот совет во првите шест месеци од годинава, пакетот за „Одбрана на европската демократија“ и годишниот дијалог за владеење на правото во Унијата, ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел.  Како што јави дописникот на …

Повеќе »

Стуб води во првиот круг од претседателските избори во Финска

Поранешниот премиер Александар Стуб води во првиот круг од претседателските избори во Финска. Според податоците на Министерството за правда објавени по затворањето на избирачките места, Стуб добил 28,3 отсто од гласовите на народот. На второ место е кандидатот на либералната Унија на зелените, Пека Хависто, со 25,8 отсто од гласовите, …

Повеќе »

Белгиските земјоделци го блокираа автопатот на југот на земјата

Белгиските земјоделци денеска блокираа автопат на југот на Белгија, приклучувајќи се на протестите на фармерите во Франција и Германија. За време на таканаречената „операција полжав“, десетици трактори полека тргнаа кон автопатот, кој потоа беше блокиран. Автопатот за кој станува збор е јужно од градот Намир во Валонија, на југот на …

Повеќе »

ИФЈ: Тужба против Израел доколку не се усогласи со одлуката на МСП

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) се закани дека ќе го тужи Израел доколку не ја почитува наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во врска со нападите врз новинарите. Во писмото до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, ИФЈ посочи дека бројот на убиени новинари „е …

Повеќе »

Најголемиот брод за крстосување во светот тргна на своето прво патување, зголемена загриженост поради штетните емисии

Најголемиот брод за крстарење на светот исплови од Мајами, Флорида, на своето прво патување, но постои загриженост за емисиите на метан од бродот, јави Би-Би-Си.  Бродот Icon of the Seas  (Икона на морињата) долг 365 метри има 20 палуби и може да смести најмногу 7. 600 патници. Тој е во …

Повеќе »

Тајланд и Кина ги укинуваат визите за своите граѓани

Тајланд и Кина се договорија да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, изјави денеска тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара. Взаемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март, јави кинеската државна телевизија CCTV. Договорот е потпишан …

Повеќе »

Иран: Денеска лансиравме три сателити истовремено

Иран денеска по првпат истовремено лансираше три сателити со помош на ракетата-носач на сателити Симорг, развиена од Министерството за одбрана, објавија државните медиуми. Еден сателит со тежина од 32 кг и два наносателити со тежина помала од 10 кг беа испратени во орбита од 450 километри со два помали уреди …

Повеќе »

Почнаа разговорите за повлекување на САД од воената коалиција во Ирак

Соединетите Американски Држави и Ирак синоќа во Багдад ја одржаа првата седница на разговори за ставање крај на коалицијата за борба против таканаречената Исламска држава. Во соопштението објавено од коалицијата предводена од САД се наведува дека работните групи составени од официјални лица од двете земји ќе ја проценат заканата од …

Повеќе »

Украина откри корупциска шема за 40 милиони долари при договор за оружје

Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека открила корупциска шема при купување оружје од страна на војската во вредност од околу 40 милиони долари. СБУ соопшти дека се испитуваат петмина високопозиционирани луѓе во Министерството за одбрана и добавувачот на оружје, пренесува Би-Би-Си. Во соопштението се посочува дека претставниците на одбраната …

Повеќе »

Гутереш: Секој вработен во ОН вклучен во терористички акти ќе одговара кривично

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека „секој вработен во ОН вклучен во терористички акти“ ќе биде кривично гонет, по обвинувањата дека неколку работници на УНРВА учествувале во нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел. – Од 12-те лица вклучени во тој напад, кој резултираше со израелската …

Повеќе »