Breaking News

СВЕТ

Седуммина загинати во пад на мал авион во Бразил

– Сите седум патници загинаа во пад на мал авион во Бразил, јавија денеска локалните медиуми додавајќи дека несреќата се случила вчера. Парчиња од едномоторниот авион паднале во поле во општината Итапева во југоисточната држава Минас Жераис, соопшти противпожарната бригада на Фејсбук. Авионот се распаднал во воздух, соопштија властите. Авионот …

Повеќе »

Ким Џонг-ун нагледуваше лансирање крстосувачка ракета од подморница

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на крстосувачката ракета лансирана од подморница, објавија државните медиуми. Северна Кореја минатата недела соопшти дека ја развива и тестира ракетата „Pulhwasal-3-31“, пренесе агенцијата КЦНА. Ким ја инспектираше изградбата на подморницата на нуклеарен погон, нарекувајќи го нуклеарното вооружување на неговата морнарица итна национална …

Повеќе »

Иран тврди дека нема врска со нападот во Јордан во кој загинаа тројца американски војници

Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека Техеран не е вклучен во нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца припадници на американската војска во североисточниот дел на Јордан, во близина на сириската граница. Во соопштението објавено од државната новинска агенција ИРНА, мисијата наведува дека Иран нема никаква врска …

Повеќе »

Хрватска со најевтино обработливо земјиште во ЕУ, а Словачка со најниски ренти 

– Просечната цена на еден хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2022 година изнесувала 10. 578 евра, што ја прави 45 пати повисока од просечната годишна рента за изнајмување на плодни површини, која изнесувала 233 евра по хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.  Како што јави дописникот …

Повеќе »

Приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, одбраната на демократија и владеење на правото главни теми на ГАК 

Приоритетите на белгиското претседателство со Европскиот совет во првите шест месеци од годинава, пакетот за „Одбрана на европската демократија“ и годишниот дијалог за владеење на правото во Унијата, ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел.  Како што јави дописникот на …

Повеќе »

Стуб води во првиот круг од претседателските избори во Финска

Поранешниот премиер Александар Стуб води во првиот круг од претседателските избори во Финска. Според податоците на Министерството за правда објавени по затворањето на избирачките места, Стуб добил 28,3 отсто од гласовите на народот. На второ место е кандидатот на либералната Унија на зелените, Пека Хависто, со 25,8 отсто од гласовите, …

Повеќе »

Белгиските земјоделци го блокираа автопатот на југот на земјата

Белгиските земјоделци денеска блокираа автопат на југот на Белгија, приклучувајќи се на протестите на фармерите во Франција и Германија. За време на таканаречената „операција полжав“, десетици трактори полека тргнаа кон автопатот, кој потоа беше блокиран. Автопатот за кој станува збор е јужно од градот Намир во Валонија, на југот на …

Повеќе »

ИФЈ: Тужба против Израел доколку не се усогласи со одлуката на МСП

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) се закани дека ќе го тужи Израел доколку не ја почитува наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во врска со нападите врз новинарите. Во писмото до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, ИФЈ посочи дека бројот на убиени новинари „е …

Повеќе »

Најголемиот брод за крстосување во светот тргна на своето прво патување, зголемена загриженост поради штетните емисии

Најголемиот брод за крстарење на светот исплови од Мајами, Флорида, на своето прво патување, но постои загриженост за емисиите на метан од бродот, јави Би-Би-Си.  Бродот Icon of the Seas  (Икона на морињата) долг 365 метри има 20 палуби и може да смести најмногу 7. 600 патници. Тој е во …

Повеќе »

Тајланд и Кина ги укинуваат визите за своите граѓани

Тајланд и Кина се договорија да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, изјави денеска тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара. Взаемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март, јави кинеската државна телевизија CCTV. Договорот е потпишан …

Повеќе »