Breaking News

СВЕТ

Најмалку 20 Палестинци загинаа, а 150 се повредени во израелски напад додека чекале ред за храна

Најмалку 20 Палестинци загинаа синоќа, а 150 се ранети во израелски напад додека чекале ред за храна во Газа, соопшти Министерството за здравство во Појасот. Портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кидра изјави дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми, бидејќи десетици тешко ранети луѓе се донесени во градската болница Ал-Шифа. …

Повеќе »

Ердоган го потпиша претседателскиот указ за прием на Шведска во НАТО

– Законот што го одобри турскиот парламент во врска со протоколот за пристапување на Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО) денеска е објавен во Службениот весник на Турција, со што беше финализирана ратификацијата. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша претседателскиот декрет за пристапување на нордиската земја во воениот сојуз и …

Повеќе »

Кина ги обвини САД за злоупотреба на меѓународното право со пловење низ Тајванскиот теснец

– Кина денеска ги обвини САД за злоупотреба на меѓународното право со воени маневри во Западниот Пацифик, откако американски поморски разурнувач помина низ Тајванскиот теснец. Портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, рече дека активностите на американските воени авиони и воени бродови „на прагот на Кина“ се основната причина за …

Повеќе »

Шпанија ја зафати топлотен бран: Летни температури среде зима

– Во Шпанија, која ја погоди топлотен бран среде јануари, денеска се регистрирани температури од околу 30 степени Целзиусови, соопшти локалната метеоролошка служба. Во Валенсија денеска беше 29,5 степени, а во Малага 27,8 степени, соопшти службата, додавајќи дека во околу 400 метеоролошки станици се забележани температури над 20 степени. Ваквата …

Повеќе »

Министерство за здравство на Хамас: Во Газа за 24 часа убиени 200 Палестинци

– Министерството за здравство во Појасот Газа, каде на власт е Хамас, соопшти дека од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската исламистичка организација, загинале 25. 900 луѓе, најмногу жени, деца и малолетници. Во изминатите 24 часа загинаа 200 лица, се наведува во соопштението на Министерството. Се додава дека 64. …

Повеќе »

Мајкрософт отпушта 1.900 вработени во две компании за игри

– Мајкрософт деновиве треба да отпушти 1. 900 вработени во две компании за игри. Овој нов бран отпуштања е само продолжение на минатогодишниот тренд во технолошката компанија. Последните кратења на работни места претставуваат околу осум проценти од гејмерската индустрија на Мајкрософт и главно ќе се одвиваат во Activision Blizzard и …

Повеќе »

Зеленски разговараше со Мусар за украинската мировна формула

– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска телефонски разговараше со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, за соработката меѓу двете земји во рамките на украинската мировна формула. – Имав телефонски разговор со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар за соработка во рамките на украинската мировна формула. Благодарен сум за учеството …

Повеќе »

Европската централна банка одлучи да не ги зголемува каматните стапки

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на главните операции за рефинансирање на 4,5 отсто, каматната стапка на депозитите на четири отсто и маргиналната каматна стапка на 4,75 отсто. Инфлацијата продолжува да паѓа, а претходните зголемувања на каматните стапки и натаму влијаат …

Повеќе »

Орбан: Унгарија ја поддржува интеграцијата на Молдавија во ЕУ

Унгарија безусловно го поддржува членството на Молдавија во Европската унија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по разговорите со молдавскиот премиер Дорин Речеан во Будимпешта. „Покрај предностите за Молдавија, ЕУ би имала корист и од нова енергија, од земји за кои е познато дека се населени со вредни луѓе“, рече …

Повеќе »

Дејвид Камерон во дводневна посета на Турција

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска ќе пристигне во дводневна посета на Турција, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција. Во соопштението се посочува дека на средбите што Камерон ќе ги оствари со турските претставници ќе се разговара за билатералните односи, како и за голем број актуелни регионални …

Повеќе »