Breaking News

СВЕТ

Захарова: Шведска се обидува да не плаќа казни за загадувањето поради оштетувањето на гасоводот

– Шведска се обидува да избегне плаќање огромни казни за емисиите на загадување предизвикани од саботажа на гасоводот Северен тек, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Шведската агенција за заштита на животната средина претходно донесе одлука дека Шведска не е обврзана да вклучи во својата …

Повеќе »

Борел: Страдањето на цивилите во Газа нема да ја зголеми безбедноста на Израел  

Страдањето на цивилното палестинско население во Газа нема да придонесе да се порази Хамас и неговата идеологија и нема да му донесе поголема безбедноста на Израел, изјави вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по завршувањето на Советот за надворешни работи на Европската Унија во …

Повеќе »

Верските водачи на Хаити бараат ослободување на киднапираните калуѓерки

– Надбискупијата на Римокатоличката црква во Порт-о-Пренс денеска се изјасни за ослободување на шесте калуѓерки кои беа киднапирани минатата недела и побараа, во многу остро формулирано писмо, владата на Хаити да се справи со гангстерите чие насилство ја зафати оваа карипска земја, најсиромашната на северната хемисфера. Во заедничкото писмо на …

Повеќе »

Блумберг: Турскиот парламент неделава ќе гласа за влезот на Шведска во НАТО

Турскиот парламент до крајот на неделата ќе гласа за влезот на Шведска во НАТО, објави Блумберг, цитирајќи неименуван владин претставник. Владејачката партија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која има мнозинство во турскиот Парламент, ќе бара одобрение од законодавниот дом за да го ратификува долгоочекуваното членство на Шведска во НАТО, …

Повеќе »

Противењето на Нетанјаху на идејата за идна суверена палестинска држава е „разочарувачко“, тврди портпаролот на Сунак

Противењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на идејата за идна суверена палестинска држава е „разочарувачко“, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак, потврдувајќи ја британската поддршка за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт. Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден не постигнаа договор за идното создавање на независна палестинска …

Повеќе »

Кардинал Купи: Благословот за геј двојките не значи отстапување од учењето на црквата

Неодамнешната одлука на Католичката црква да им даде благослов на геј двојките не го негира црковното учење дека хомосексуалноста е нарушување и дека само чедните хомосексуалци можат да се причестат, рече кардиналот Матео Купи, шеф на италијанската бискупска конференција. Тој рече дека благословот ја покажува љубовта на црквата кон сите …

Повеќе »

Трамп: Малку е веројатно дека ДеСантис ќе биде дел од мојата администрација

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е „малку веројатно“ гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, да има некаква улога во неговата администрација доколку биде избран за претседател на САД во ноември годинава.  -Тоа е малку веројатно, но морам да бидам искрен, се е можно. Иако, мислам дека е малку …

Повеќе »

Американскиот регулатор бара проверка на резервните врати на старите модели на „Боинг“

Американски регулатор побара од авиокомпаниите темелно да ги проверат резервните врати на постарите верзии на авионите „Боинг 737“ откако авион „Боинг 737 MAX 9“ беше принуден да слета и беше повлечен од сервис поради проблеми со резервните врати. Федералната управа за авијација (FAA) препорача синоќа превозниците да ги проверат резервните …

Повеќе »

Во голема акција албанската полиција уапси 273 лица, запленети се оружје, дрога и пари

Како резултат на големата национална акција против наркотици „Храм 2 (Tempulli 2), која е насочена кон сузбивање на продажба на дрога пред училишта или јавни објекти и површини, албанската полиција во текот на ноќта и утринските часови, во повеќе градови низ земјата, уапсила 273 лица, членови на  седум криминални групи. …

Повеќе »

Во два одвоени случаи во близина на грчкиот остров Гавдос спасени над 100 бегалци и мигранти

– Во два одвоени случаи југозападно од грчкиот остров Гавдос биле откриени и спасени вкупно 107 бегалци и мигранти, а четворица од нив биле уапсени под сомнение дека се криумчари, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во првиот случај, од танкер што се …

Повеќе »