Breaking News

СВЕТ

Шулце предупреди на руско влијание во Западна Африка

Германската министерка за економска соработка и развој Свења Шулце предупреди денеска пред да замине на обиколка на Буркина Фасо и Бенин дека исламистичкиот тероризам и руските амбиции го загрозуваат регионот Сахел во Западна Африка, јави ДПА. Шулце ќе биде првиот европски министер што ќе ја посети Буркина Фасо по воениот …

Повеќе »

Бербок: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан се од витално значење за ЕУ

– Земјите од Западен Балкан заслужуваат силна поддршка на нивниот пат кон членство во Европска Унија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок пред нејзината посета на Подгорица и на Сараево. – Не можеме да си дозволиме сиви зони никаде во Европа и мораме да направиме сè што можеме заедно …

Повеќе »

Тома Фила: Белградските избори ќе бидат најважни, оти ќе настапиме во две колони

Тома Фила, член на Претседателството на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и кандидат за градоначалник на Белград на изборите во декември, рече дека новите избори во Белград ќе бидат најважни бидејќи владејачката партија и опозицијата ќе настапат во две колони, јави дописникот на МИА од Белград. -Опозицијата го постави прашањето …

Повеќе »

Израелските сили уапсија 55 Палестинци во Западен Брег

– Израелските сили продолжија со рациите во окупираниот Западен Брег и во Ерусалим и приведоа најмалку 55 Палестинци. Во заедничката изјава на Здружението на палестински затвореници и Делегацијата на затвореници и ослободени од Организацијата за ослободување на Палестина се посочува дека во вчерашните рации во градовите на Западниот Брег – …

Повеќе »

Кандидат на АфД победи за градоначалник во источна Германија

Член на Алтернатива за Германија (АфД) победи на изборите за градоначалник на еден мал град на истокот на земјата, предавајќи и уште една победа на екстремно десничарската партија. Ролф Вајганд освои 59,4 отсто од гласовите вчера, лесно победувајќи ги другите двајца кандидати во Гросширма, град западно од Дрезден. Вајганд е …

Повеќе »

Пелеши на отворањето на НАТО база во Албанија: Сè може да се очекува од источниот фронт, мора да бидеме подготвени

– На свеченоста на отворањето на воздухопловната база во Кучово, албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши истата ја оцени како привилегија и знак на доверба кон Албанија, но исто така и „богатство за целиот регион“. Најави дека беспилотните летала „Бајрактар“ во соработка со Република Турција се подготвени за опслужување во …

Повеќе »

Де Кро: Белгија во последните месеци протера десетици руски шпиони

Во последните месеци, Белгија протера десетици руски „дипломати“ прогласени за виновни за шпионажа, објави белгискиот премиер Александар де Кро. На хартија тие се „дипломати“, но знаеме дека се занимаваат со шпионажа, истакна тој во интервју за локалните медиуми. -Во неколку наврати, Белгија претрпе кибер напади, особено кога искажуваше став против …

Повеќе »

Долгот на САД достигна неверојатна вредност – 34,4 билиони долари

Долгот на Соединетите Американски Држави (САД) достигна неверојатна вредност од 34,4 билиона долари, а од јуни минатата година е регистрирано забрзано темпо на задолжување, соопшти Министерството за финансии. Последниот долг од „два билиона“ (две илјади милијарди) е регистриран за само 200 дена – билион за приближно 100 дена, според новообјавените …

Повеќе »

Железничкиот мост во руската област Самара оштетен од експлозивна направа

Железничкиот мост во руската област Самара е оштетен од експлозивна направа, објави прес-службата на железницата „Куибишев“. Направата, поставена на мостот на реката Чапаевка, експлодирала околу 5 часот по локално време. Според првичните податоци, во експлозијата била оштетена оградата и потпорите на објектот во близина на брегот. Движењето на возовите по …

Повеќе »

Рама: Се отвора воздухопловната база на НАТО во Кучово, по првпат ќе полетаат беспилотните летала „Бајрактар“ 

Во  албанскиот град Кучово денеска ќе биде отворена воздухопловна база на НАТО. Премиерот  на Албанија Еди Рама, со објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ сподели видео од моментот на склопување на беспилотните летала „Бајрактар“ кои, како што вели, ќе го направат првиот лет на церемонијата на отворање на воздухопловната база. …

Повеќе »