Breaking News

Македонски Телеком со приходи од продажба од 2.967 милиони денари во првиот квартал


  Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на Македонски Телеком во првиот квартал годинава е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од 15,2 проценти.


Приходите од продажбата се зголемени за три проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2. 967 милиони денари, соопшти денеска компанијата.


Како што информираат, бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7  проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти.

-И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони.


Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници, информира Телеком и посочува дека со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнале 160 000 корисници.

Од Македонски Телеком истакнуваат дека во однос на ширењето и инвестициите во оптичката мрежа  бележат 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.


– Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови.

Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги, стои во соопштението.


 Со 151 илјада корисници на ТВ пазарот што е раст од 2,3 проценти, посочуваат дека остануваат на лидерската позиција во овој сегмент со удел од 34,4 проценти. лв/са/  .

Извор: МИА