Breaking News

Железничкиот мост во руската област Самара оштетен од експлозивна направа


Железничкиот мост во руската област Самара е оштетен од експлозивна направа, објави прес-службата на железницата „Куибишев“.


Направата, поставена на мостот на реката Чапаевка, експлодирала околу 5 часот по локално време.


Според првичните податоци, во експлозијата била оштетена оградата и потпорите на објектот во близина на брегот. Движењето на возовите по мостот е прекинато. паг/Фото: Википедија  .

Извор: МИА