Breaking News

Израелските сили уапсија 55 Палестинци во Западен Брег


– Израелските сили продолжија со рациите во окупираниот Западен Брег и во Ерусалим и приведоа најмалку 55 Палестинци.


Во заедничката изјава на Здружението на палестински затвореници и Делегацијата на затвореници и ослободени од Организацијата за ослободување на Палестина се посочува дека во вчерашните рации во градовите на Западниот Брег – Хеброн, Витлеем, Рамала и Калкилија приведените се деца и поранешни затвореници.


Од почетокот на војната во Појасот Газа, 7 октомври досега во Западен Брег приведени се 7. 400 Палестинци.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА