Breaking News

СВЕТ

Самитот АСЕАН-Австралија ќе ја осуди „заканата или употребата на сила“ во регионот

Лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и Австралија, кои се среќаваат во Мелбурн, имаат намера да ја осудат „заканата или употребата на сила“ за решавање на споровите во регионот, јавуваат странските агенции, истакнувајќи дека тоа е индиректно повикување на Пекинг. „Ние се стремиме кон регион каде што …

Повеќе »

Нетанјаху: Израел нема да капитулира пред нереалните барања на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно го повика Хамас да направи отстапки пред натамошните преговори за нов прекин на огнот и враќање на заложниците кои се држат во Газа, јави ДПА. „Вложуваме големи напори за да успееме, но едно нешто ви е јасно – нема да капитулираме пред нереалните барања на …

Повеќе »

Зеленски: Потребна е политичка волја на Западот за на Украина да и се достават потребните воени средства

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика западните партнери на Украина да најдат политичка волја да му ги обезбедат на Киев потребните воени залихи или светот ќе се соочи со „една од посрамните страници на историјата“. Зеленски апелот го испрати во време кога американскиот пакет воена и друга помош е …

Повеќе »

Исланд го евакуираше туристичкото место Сина лагуна поради закана од вулканска ерупција

Исланд го евакуираше светски познатото туристичко место Сина лагуна поради блиската сеизмичка активност што укажува на непосредна опасност од ерупција на Вуклан, објави исландскиот јавен сервис RUV. Магмата почна да тече по „интензивната сеизмичка активност“ во областа околу лагуната, популарна геотермална бања. – Длабочината на магмата, околу четири километри, значи …

Повеќе »

Американска потпретседателка: Видовме Палестинци како јадат лисја, а деца умираат

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, упати досега најжестоки критики за политиката на Израел кон Палестинците. Харис нагласи дека „она што се случува секој ден во Газа е поразително“. – Видовме извештаи за семејства кои јадат лисја и сточна храна. Жени кои раѓаат неухранети бебиња со мала или никаква …

Повеќе »

Дводневно заседание на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ 

– Состојбата во Шенген зоната, евалуацијата на Законот за Фронтекс, борбата против трговијата со дрога и миграцијата ќе бидат главни теми на заседанието на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ што денеска и утре се одржува во Брисел.  Денешното заседание ќе биде на ниво на министрите задолжени за …

Повеќе »

Внатрепартиски избори на Републиканската партија: Прв пораз на Трамп, Хејли победи во Вашингтон

Кандидатката за претседателка номинирана од Републиканската партија Ники Хејли победи на партиските прелиминарни избори во сојузната држава Вашингтон, забележувајќи ја првата победа во претседателската кампања оваа година. Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп вчера го доживеа првиот пораз на партиските прелиминарни избори, додека Хејли победи …

Повеќе »

Енергетската безбедност и подготовките за зимата 2024/25 теми на средбата на министрите за енергија на ЕУ 

Безбедноста на снабдувањето со енергенси и подготовките за зимата 2024-2025 година ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот на ЕУ за транспорт, телекомуникации и енергија во Брисел на ниво на министрите на 27-те земји членки на Унијата задолжени за енергетскиот ресор.  Како што јави дописникот на МИА од …

Повеќе »

Трамп победи на кокусите во Ајдахо, Мисури и Мичиген

– Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација Доналд Трамп победи на партиските кокуси во американските сојузни држави Ајдахо, Мисури и Мичиген. По победата во три сојузни држави во саботата, Трамп има поддршка од 244 делегати, додека другиот кандидат за републиканска претседателска номинација, поранешната амбасадорка во Обединетите нации, …

Повеќе »

Над Крим уништени 38 украински дронови

– Руската армија синоќа над Крим уништила 38 дронови на вооружените сили на Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија. Претходно Министерството соопшти дека се уништени четири украински дронови летала над регионот Белгород и еден над Ленинградската област. Мостот на Крим бил затворен за сообраќај два часа. јт . …

Повеќе »