Breaking News

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Шпаркасе Банка ги известува студентите дека денес е забележан phishing напад, претставен како линк креиран од Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка ги известува студентите дека денес е забележана измамничка кампања, претставена како линк креиран од Шпаркасе Банка. Студентите овој линк го добиваат преку нивната е-меил пошта или преку СМС порака, кој доколку го кликнат ги води до лажна веб-страница, која не е во сопственост на Шпаркасе Банка. Оваа лажна …

Повеќе »

Градење на одговорен здравствен систем: АмЧам Конференција за Здравство фокусирана на пристапот до лекови и податоци

Денеска во Скопје се одржува конференција за Здравство, насловена како „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“, организирана од страна на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам). На неа свое учество зедоа релевантни креатори на јавните политики, домашни и меѓународни експерти, претставници од корпоративниот сектор, чинители од невладиниот сектор, …

Повеќе »

Целосниот асортиман на Витаминка, изложен пред стручната јавност на Интерфуд & Дринк

Од денеска до 11 ноември во Бугарија се одржува 22рото издание на најзначајниот саем за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Интерфуд & Дринк. Витаминка и оваа година е еден од најголемите изложувачи претставувајќи ја својата производна програма пред стручната јавност. Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето …

Повеќе »

Објавена книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова

Во издание на Центарот за култура и културолошки студии е објавена книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова. Исцртувајќи, односно испишувајќи книжевна мапа на Скопје и движејќи се по неа, во оваа книга, Илкова успева да го истражи феноменот на урбофилијата, чувствувањето на градот во македонската книжевност. Во книгата …

Повеќе »

Пивара Скопје е пример за успешна и општествено одговорна компанија која секогаш се грижи за своите потрошувачи и купувачи

    Пивара Скопје АД денеска им беше домаќин на Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и на Mинистерот за економија Крешник Бектеши. На средбата со менаџментот на компанијата, генералниот директор Душан Митрев истакна дека Пивара Скопје како македонска компанија со стогодишна традиција на пазарот и во исто време дел од …

Повеќе »

Глобална Недела на Претприемништво во Македонија: Најпосетуваниот собир на Претрприемачи низ 15 градови во државата!

Глобалната недела на претпримеништво претставува еднонеделна иницијатива која секоја година поврзува милиони луѓе ширум светот околу една заедничка идеја: да ги мотивира претприемачите од сите возрасти да бидат креативни и иновативни, да бараат нови можности и да бидат подготвени да ги реализираат своите идеи, со што на долг рок се …

Повеќе »

На МБУ се одржа предавање на Дејвид Кусума од Светската организација за дизајн

Меѓународниот балкански универзитет е член на Светската организација за дизајн во образовната категорија, меѓу над 200 организации од целиот свет. На Меѓународниот балкански универзитет во рамките на настојувањата за унапредување на образовниот процес што подразбира организирање предавања на познати и докажани експерти од различни области, вчера се одржа предавање на …

Повеќе »

Подготвени ли сте за претстојните ракометни возбуди? Европското првенство во ракомет ексклузивно на Арена спорт каналите

  Македонскиот репрезентативен ракомет повторно на меѓународната сцена, овој пат на Европското првенство во ракомет. За околу два месеци сите патишта на ракометните фанови од целиот свет ќе водат кон Германија каде од 10 до 28 јануари ќе се одржува Европското првенство во ракомет, каде свое учество обезбеди и македонската …

Повеќе »

Продолжува здравствениот караван од Клиника Жан Митрев за бесплатни прегледи на пензионерите

Здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“, продолжува со бесплатни кардиоваскуларни прегледи за пензионерите во Скопје и околината. Со прегледите, кои се одвиваат во Клиника Жан Митрев, се опфатени сите 14 пензионерски здруженија од каде се испраќаат пензионери со ниски примања а кои имаат потреба од ваков преглед. …

Повеќе »

Скопје домаќин на 2000 танчери од 22 земји – Започна Светското првенство во латино танци

Динамичниот дух на латино танците го размрда ноемвриското есенско сивило во главниот град. Светското првенство во латино танци вчера започна во хотел „Александар Палас“ во Скопје и предвидено е да трае до 10-ти ноември 2023. Скопје е почесен домаќин на годинешното Светско првенство во латино танци, на коешто учествуваат над …

Повеќе »