Breaking News

Глобална Недела на Претприемништво во Македонија: Најпосетуваниот собир на Претрприемачи низ 15 градови во државата!


Глобалната недела на претпримеништво претставува еднонеделна иницијатива која секоја година поврзува милиони луѓе ширум светот околу една заедничка идеја: да ги мотивира претприемачите од сите возрасти да бидат креативни и иновативни, да бараат нови можности и да бидат подготвени да ги реализираат своите идеи, со што на долг рок се поддржуваат општите, социјалните и економските интереси на секоја земја.


Оваа година Глобалната Недела на Претприемништво во Македонија ќе се одржи во периодот од 13 до 19 ноември, традиционално, во организација на асоцијацијата Стартап Македонија, со поддршка на над 50 партнери кои ќе ги  споделат најновите трендови и можности за развој на иновативни бизниси во земјата и поврзување на сите чинители во претприемачкиот екосистем.


Стартап Македонија, успешно стои зад оваа иницијатива од 2018 година, а чиј труд беше награден и препознаен со глобалната награда BRAND CHAMPION AWARD за GEW2022 во Мелбурн Септември 2023.

Во рамките на Глобалната Недела на Претприемништво 2023 ќе земат учество 15 различни градови низ Македонија на кои ќе се покријат теми поврзани со развој на мали бизниси, финансирање на стартап компании, политики за подршка на претприемништво.


Поканети и добредојдени се сите. Од студенти и професори, старт-ап претприемачи и иноватори, луѓе од светот на бизнисот, успешни претприемачи, менаџери, лидери, новинари, уметници, претставници на владини институции, банкарскиот сектор и други организации, да се вклучат и да се вмрежат под капата на Глобалната недела на претприемништво.

Ова е уникатна шанса на секој поединец или компанија, да го поттикне својот претприемнички дух и иновативност и ги прошири своите контакти и познанства со потенцијални соработници, ментори и инвеститори, но и да научи повеќе за теми како старт-ап иновации, дигитална трансформација, креативна индустрија, напредни вештини, женско и социјално претприемништво, зелени идеи и многу други теми од областа на претприемништвото.


За детални информации поврзани за настаните, како и конкретна програма со агенда и локација за настаните, можете да се информирате на социјални медиуми на Стартап Македонија и Глобалната Недела на Претрпиемништво – Македонија како и со регистрација на овој мејл.