Breaking News

ЛОКАЛНО

Потпишани договори со општини за реконструкција на локални улици

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалниците на општините Јегуновце, Желино, Центар Жупа, Зрновци, Кочани, Велес, Чашка и Дебрца денеска ги потпишале договорите за реконструкција на локални улици. Договорите, како што информира Министерството за транспорт и врски, опфаќаат реконструкција на 14 локални улици во општините како дел од …

Повеќе »

Средба на Пендаровски и Агелер за политичките случувања и изборниот процес во земјава

Политичките случувања во земјата по формирањето на преодната Влада и во пресрет на изборниот процес, како и севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави, биле теми на разговор на денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. Претседателот Пендаровски, како …

Повеќе »

Закажана пленарна седница за Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со скратена постапка

Претседателот на Собранието, Јован Митрески за попладнево закажа пленарна седница на која ќе се разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка.  Во интервјуза МИА Митрески најави дека ќе свика итна седница за измени во Законот за безбедност во сообраќај и …

Повеќе »

Собранието расправа за изборот на Илир Демири и Наим Бајрами за министри во техничката влада 

– Собранието во рамки на 143-тата седница расправа за изборот на Илир Демири и Наим Бајрами за министри во техничката влада за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат …

Повеќе »

Стопанската комора бара сообраќајните и возачките дозволи да важат до рокот до кога се издадени  

– Стопанската комора во текот на денов ќе достави писмо до Собранието, Владата и Министерството за внатрешни работи со иницијатива да се изменат потребните закони и да се донесе времена мерка со која во државата ќе се продолжи важењето на возачките и сообраќајните дозволи до рокот до кога важат со …

Повеќе »

Митрески: Попладнево ќе свикам итна собраниска седница за да се реши проблемот со возачките дозволи

Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ќе свика итна собраниска седница на која треба да се донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот и на други закони коишто ќе се однесуваат на важноста на возачките дозволи, со досегашното име. Во интервју за МИА претседателот на Собранието Митрески истакна дека …

Повеќе »

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време

Дадени се препораки од страна на Комисијата за заразни болести пред се за можност да се имунизираат оние дечиња коишто во редовниот календар на вакцинација не се имаат имунизирано против голема кашница. Имено, пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време. Ова го изјави денеска заменик министерката за здравство …

Повеќе »

Поскапуваат горивата

Од полноќ поскапуваат горивата од пола до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 поскапува за пола денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуроспер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,50 ден/литар. Дизелот поскапува за …

Повеќе »

Почна собраниската седница за избор на двајца нови министри во техничката Влада

– Собранието ја продолжи 143. седница со расправа за изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација откако во петокот беа разрешени Фатмир Меџити и Азир Алиу од Алијанса за Албанците. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир …

Повеќе »

Грчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини Ники и Евзони со Северна Макеонија

– Неколкучасовни блокади на граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, но само за камиони, најавија за денеска грчките земјоделци, кои продолжуваат со нивните активности во пресрет на утрешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците од северозападна Грција од 12 …

Повеќе »