ВЕСТИ

Во Собранието продлжение на 91 седница

Собранието денеска, во 12 часот, ќе ја продолжи расправата по 91-вата седница, на чии дневен ред е и Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година. На дневен ред се и неколку предлог-ратификации, потоа предлог-финансиски планови на Регулаторната комисија за енергетика и на МРТ за 2023 година. …

Повеќе »

Презентација на поддршката од ЕУ за справување со енергетската криза

По повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од Европската Унија за справување со енергетската криза, денеска во Владата ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир. Како што соопшти владината прес-служба, на настанот обраќања ќе имаат и вицепремиерот …

Повеќе »

Османи на Балкански форум во Будимпешта

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска ќе престојува на работна посета на Унгарија, каде што ќе учествува на Балканскиот форум во Будимпешта, а ќе се сретне и со неговиот унгарски колега Петер Сијарто. Како што информира МНР, во рамки на посетата, министерот Османи ќе оствари …

Повеќе »

Разбивање на стереотипите за местото на жената оди бавно, но без борба нема успех, а без успех напредок, порачува народниот правобранител

Денес кога ја славиме храброста на жените кои пред повеќе од 100 години одлучија да почнат да си ги бараат своите права сметајќи се рамноправни со мажите, и 46 години откако 8 Март и официјално од страна на Организацијата на Обединетите Нации е прогласен за Меѓународен ден на жената, како …

Повеќе »

Бубевски: Дојавите за бомби на почеток се водат како тероризам, а потоа зависи од прибраниот доказен материјал

Дојавите за бомби на почеток се водат како тероризам, а како ќе се диференцира е во зависност од прибраниот доказен материјал. Нема разногласие, едноставно така се движи постапката, изјави претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски. Одговарајќи на новинарско прашања, дали дојавите за бомби се тероризам или не, …

Повеќе »

Бубевски: Во Истражниот центар при ОЈО Скопје минатата година имаше околу 150 предмети

Истражниот центар при Основното јавно обвинителство – Скопје е прилично екипиран и минатата година имавме околу 150 предмети кои што работат во него, изјави претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски. Во Истражниот центар сега работат пет истражители, и според Бубевски, во овој момент има потреба за уште …

Повеќе »

Ковачевски: Лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија

Спортски реквизити во канцеларија на премиер не се новост, јас ги немам, но лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели премиерот Димитар Ковачевски. Прашан да го коментира видеото објавено од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби како со …

Повеќе »

Жените во земјите на ЕУ имаат помалку од една третина од пратеничките места, Северна Македонија над европскиот просек

Во јули 2022 година, жените имале 32,7 отсто од сите мандати во националните парламенти на Европската Унија, додека во светот просекот бил 26,4 отсто, покажуваат објавените податоци од статистичката агенција Еуростат, по повод Меѓународниот ден на жената. Во Европскиот парламент жените се исто така сè уште малцинство, но ги има …

Повеќе »

Штипските пожарникари лани имале 371 интервенција

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица- Штип лани интервенирале во вкупно 371 случај, од кои 264 пожари и 107 технички интервенции, стои во годишниот извештај, којшто е доставен до Општина Штип. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев денеска изјави дека на територија на Општина Карбинци минатата година е интервенирано вкупно 49 пати, …

Повеќе »

Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ја подобруваме пожарната заштита во Северна Македонија и Албанија

До крајот на идната година преку проект и соработка на соседни општини од Северна Македонија и Албанија ќе има подобрување на системите за заштита од пожари и одговор, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на новиот противпожарниот центар во селото Градец, општина Врапчиште. Тој појасни дека …

Повеќе »