ВЕСТИ

Мојсова-Чепишевска во првата рецензија за наградениот роман на Андоновски „Папокот на светлината“: Во душата да ни гори кандилце

Неодамна беше објавена првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“, за којшто беше соопштено дека на истакнатиот македонски писател му е доделена наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“, за најдобро прозно остварување во 2022 година. Првиот одглас на македонската книжевна критика за романот …

Повеќе »

Нацевска за МИА: Се отвара пазарот на платежни услуги, ќе се зголеми конкурентноста и ќе се намалат надоместоците

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи се очекува да се јават нови даватели на платежни услуги со што ќе се зголеми конкурентноста на пазарот што пак ќе придонесе кон збогатување на услугите, дигитализација и намалување на надоместоците што им се наплатуваат на граѓаните. Покрај банките, сега платежни …

Повеќе »

На Попова Шапка измерени – 15 степени, вфремето денеска облачно и многу студено со ветер од северен правец

Во планинските места и голем дел од градови и населени места утрово се измерени минусни температури. Најладно беше на Попова Шапка -15 степени, каде исто така има наврнато и најмногу снег 61 сантиметар. Времето денеска е променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува засилен до силен ветер …

Повеќе »

Мирно и достоинствено одбележана 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Со високи државни почести, мирно и достоинствено, вчера во Скопје беше одбележана 151-та годишнина од раѓањето на големиот светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев. На неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ вчера цвеќе положија државниот врв, претставници на политичките партии од власта и опозицијата, …

Повеќе »

Ременски: Гоце Делчев не треба да биде камен на сопнување туку точка на зближување на народите на Балканот

Гоце Делчев е цивилизациска вредност и не треба и не смее да биде камен на сопнување на Балканот, туку мост и столб околу којшто може да се градат и добрососедски односи, вели Фросина Ременски, експерт по безбедност и поранешен пратеник. -Гоце Делчев е цивилизациска вредност. Тој е повеќе од Македонија …

Повеќе »

Група граѓани собрани во близина на „Св. Спас“, безбедносната зона може да ја минат само претходно акредитираните делегации и новинарски екипи

Група граѓани се собраа во близина на црквата „Свети Спас“ во Скопје пред безбедносната зона на местото до каде што дозволува пристап полицијата. Дел од нив се обидуваат да стигнат до црквата и да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во чест на 151-годишнината од неговото раѓање. Во околина …

Повеќе »

Спасовски: Гоце Делчев останува синоним за храброст, посветеност, просветителство и лидерство

По повеќе од еден и пол век од раѓањето на македонскиот револуционер, уставотворец и државник, тој останува синоним за храброст, посветеност, просветителство и лидерство, пишува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во неговата честитка по повод денот на раѓањето на Гоце Делчев. По повод 151 – годишнина од раѓањето на …

Повеќе »

ССНМ: Да се овозможи слободно движење на новинарите на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара итна реакција од владините служби за овозможување услови и пристап за соодветна работа на новинарите и снимателите при следење на одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. – Протоколот за следење на овој настан претставува елементарно непознавање на системот …

Повеќе »

Падна системот за контрола на граничните премини

На граничните премини падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување. – МВР информира дека системот на граничните премини не се во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само итни случаи, се вели во информацијата од МВР. ид/бак/

Повеќе »

Демерџиев: Околу 100 до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев

Околу сто до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, Како што јави БТА, тој очекува дека ќе бидат исполнат ветувањата на властите во земјава дека без никакви проблеми ќе бидат …

Повеќе »