Breaking News

ВЕСТИ

Министерот Николовски во Брисел на состанок со еврокомесарот Војчиеховски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Брисел ќе одржи работен состанок со европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчиеховски. -На состанокот министерот Николовски заедно со колегите министри за земјоделство од регионот ќе разговараат за досегашната реалзиација на ИПАРД 2 програмата и почетокот на новата ИПАРД 3 програма, …

Повеќе »

Потпишување Протокол за соработка меѓу републичкото Јавно обвинителство и МВР

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи денеска ќе потпишат Протокол за соработка. На потпишувањето на Протоколот најавено е обраќање на амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на …

Повеќе »

Народниот правобранител Насер Зибери ќе го презентира Годишниот извештај

Во просториите на Народниот правобранител во Скопје денеска ќе биде презентиран Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2022 година. Извештајот ќе го презентира народниот правобранител Насер Зибери. дма/мд/ Фото: МИА архива Скопје, 30 март 2023 (МИА)

Повеќе »

Националните архиви од поранешна СФРЈ на состанок во Скопје

Скопје денеска е домаќин на состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ. На состанокот, меѓу другото, ќе се анализираат досегашните резултати и …

Повеќе »

Петти ден протест на вработените во Министерството за култура

Со едночасовен протест пред Владата, вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм и денеска, по петти пат, ќе го искажат незадоволството од своите месечни примања и ќе го повторат барањето за зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии. Тие бараат потпишување на …

Повеќе »

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија. Членовите на Комисијата за економски прашања треба да ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија и Предлог-закон за задругите, и двата во второ читање. На дневен …

Повеќе »

Македонскиот воз тргна кон ЕУ, од Вас зависи со која брзина ќе стигне во Брисел, порача Ван дер Белен

Австрија изразува постојана и силна поддршката за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, но од самата земја зависи кога ќе ги почне следните чекори во преговорите со ЕУ и колку брзо ќе се приклучи кон Унијата, порача австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, кој вчера престојуваше во официјална посета на државава, …

Повеќе »

Продолжение на 71. седница на Собранието

Во Собранието денеска треба да се одржи продолжение на 71. седница. Од дневниот ред на седницата се преостанати неколку точки, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, предложените …

Повеќе »

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Поддршката на Австрија за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија е постојана и силна. Австрија има цврста определба дека сака побрза интеграција на регионот како дел од ЕУ. Тоа, како што соопшти владината прес-служба, е истакнато на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван …

Повеќе »

Судскиот совет донесе одлука за распишување оглас за избор на 31 судија низ 13 основни судови од внатрешноста

Судскиот совет на денешната 436-та седница донесе одлука за избор на вкупно 31 судија низ повеќе основни судови низ внатрешноста на државата, без Скопје. Па така, 30 кандидати од седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители ќе може да конкурираат за шест судии во Основниот суд Прилеп, четири …

Повеќе »