Breaking News

ВЕСТИ

Утре замрзнување на цените на хигиенските производи, во текот на неделата и на дел од овошјето и зеленчукот

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот. -Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во …

Повеќе »

Во изминатото деноноќие произведени 14.090 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведe 14.090 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата. Од вкупно произведената електрична енергија, во термоелектраните произведени се 8.772 мегават часови, а во хидроелектраните …

Повеќе »

Комисијата за употреба на историските имиња ќе решава за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Комисијата за употреба на историските имиња денеска треба да одржи седница и да изготви извештај во врска со бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, по што министерот за правда Кренар Лога ќе треба да донесе соодветно решение. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември …

Повеќе »

Трет ден протест на вработените од Министерството за култура, бараат покачување на платите

Вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска пред Влада ќе одржат протест, со кој повторно кој ќе го изразат незадоволството од своите месечни примања. На протестот, кој почна во петокот, а се одржа и вчера пред Министерството за финансии, беше испратен апел за …

Повеќе »

Прв јавен состанок на АВМУ за 2023 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска во своите простории ќе го одржи првиот јавен состанок за 2023 година, на кој ќе биде презентиран извештајот за реализираните активности во првиот квартал од оваа година. Како што соопштуваат од АВМУ, на состанокот ќе бидат претставени и наодите од Aнализите …

Повеќе »

Се чека опозицијата да потврди учество во работната група за уставните амамдмани

Прашање на денови е кога ќе биде формирана работната група за уставни измени во која ќе учествува широк спектар на општествени чинители. Се очекува опозицијата до крајот на неделава да се изјасни за поканата и предлогот да учествува и да претседава со работната група, порачаа од власта. Министерот за правда …

Повеќе »

ГРЕТА: Законската рамка подобрена, на жртвите на трговија со луѓе им треба подобар пристап до правда и ефективни правни лекови

Групата експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) го објави третиот извештај за Северна Македонија, во кој се констатира дека законската рамка е подобрена, но на жртвите на трговија со луѓе во земјата им треба подобар пристап до правда и ефективни правни лекови. Во својот трет извештај за евалуација …

Повеќе »

Лога: Ќе поднесам барање за екстрадиција на Груевски, останува да одговара за уште девет предмети пред домашните судови

Никола Груевски останува да одговара за уште девет предмети пред домашните судови и уште еднаш ќе поднесам барање за негова екстрадиција, изјави министерот за правда Кренар Лога. На брифингот со медиумите, Лога посочи дека во писменото барање ќе биде наведено дека тој ќе биде сместен во т.н. Хашки ќелии и …

Повеќе »

Лога: Сите се на став за ветинг, но кој модел ќе биде прифатен се уште е рано да се каже

Поддршка имаме и сите се на став за ветинг, но кој модел ќе биде прифатен се уште е рано да се каже, вели министерот за правда Кренар Лога. На првиот брифинг со медиумите, Лога денеска посочи дека во Министерството за правда не нашол ниту една буква или документ за ветингот …

Повеќе »

Собранието расправаше за Законот за парнична постапка

Пратениците денеска за време на 50. седница расправаа по Предлог законот за парнична постапка, во прво читање. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се на ставот дека во Предлог законот постојат многу аномалии, при што ако не добијат дополнителни објаснувања, ќе предложат амандмански решенија. За пратениците од владејачкото мнозинство, ова законско решение е …

Повеќе »