Breaking News

Штипските пожарникари лани имале 371 интервенција


Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица- Штип лани интервенирале во вкупно 371 случај, од кои 264 пожари и 107 технички интервенции, стои во годишниот извештај, којшто е доставен до Општина Штип.


Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев денеска изјави дека на територија на Општина Карбинци минатата година е интервенирано вкупно 49 пати, а како што вели, тоа се пожари на отворено, односно палење на стрништа.


Според Коцев, радува што палењето на стрништата не е толку застапено во Штип и Карбинци и покрај тоа што најголем дел од пожарите се на отворено.

-За Општина Карбинци сите интервенции се на отворен простор. Моментално во општините Штип и Карбинци нема зголемен обем на запалени стрништа. Од страна на ТППЕ Штип реагираме брзо, на запалени суви треви, ги гасиме по брза постапка така што моментално немаме опасност од стрништа и сува трева, вели Коцев.


Во 2020 година на територија на општина Штип имало 50 запалени автомобили. Оваа бројка е намалена во 2022 година, а пожарникарите интервенирале вкупно 30 пати. Причина за пожарите е неисправна инсталација. вдј/бак/

Фото: МИА