Breaking News

Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ја подобруваме пожарната заштита во Северна Македонија и Албанија


До крајот на идната година преку проект и соработка на соседни општини од Северна Македонија и Албанија ќе има подобрување на системите за заштита од пожари и одговор, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на новиот противпожарниот центар во селото Градец, општина Врапчиште.


Тој појасни дека станува збор активности кои се дел проектот „Прекуграничен Против пожарен штит“ поддржан од ЕУ и ИПА Програмата за прекугранична соработка. Министерот Пенов напомена дека овој проект ќе придонесе за заштита на животната средина и спречување на шумски пожари во прекуграничната област, што, како што нагласи е од клучно значење за зачувување на нашите природни ресурси и обезбедување на безбедноста на нашите граѓани.


– Овој проект ја покажува посветеноста на Северна Македонија и Албанија да работат заедно кон заедничко цели и да ги зајакнеме нашите врски како соседни земји. Министерството за локална самоуправа ќе ги покрие трошоците од македонската страна во висина од 15 отсто, рече министерот Пенов.

Во овој проект се вклучени три општини – Врапчиште и Боговиње во Северна Македонија и Церик во Албанија и невладината организација Каритас.


Градоначалниците на општина Врапчиште, Исен Шабани и Боговоње, Бесник Мемшиу појаснија дека со проектот ќе се развие и спроведе заеднички план за управување со ризик за заштита од шумски пожари и пожари и стандардни оперативни процедури. Според договорите вкупниот буџет е близу 860 илјади евра, а водечки партнер е општината Врапчиште

– Се гради нова противпожарна станица за новоформираното меѓуопштинско одделение за противпожарна заштита, а ќе се набави и специјално возило за гасење шумски пожари за противпожарната станица Врапчиште-Боговиње, рече Шабани и дополни дека во меѓуопштинското одделение за противпожарна заштита ќе бидат вработени, обучени и опремени 9 пожарникари, а за понатаму да достигне капаците одговор при елементарни непогоди со 23 пожарникари преку граница.


Според министерот Пенов овој проект претставува пример за посветеноста на ЕУ за промовирање на регионалната интеграција и развој, а се очекува зајакнување на соработката и солидарноста меѓу соседните земји.

– Време е да работиме заедно за да ја заштитиме нашата животна средина и да ги заштитиме нашите заедници од катастрофалните ефектите од шумските пожари, додаде Пенов.


Во двете општини на македонска страна има над 60 илјади жители, а со проектот се опфатени рурални средини во кои има над 110 илјади кои живеат во подрачјето на Шар Планина во двете држави. дма/згм/

фото: МИА и Министерство за локална самоуправа