Breaking News

Презентација на поддршката од ЕУ за справување со енергетската криза


По повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од Европската Унија за справување со енергетската криза, денеска во Владата ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.


Како што соопшти владината прес-служба, на настанот обраќања ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.


По официјалните обраќања ќе биде организирана и прес-конференција на премиерот Ковачевски и евроамбасадорот Гир. хс/сп/