Breaking News

ВЕСТИ

Опожарена Универзалната сала, нема повредени, материјалната штета допрва ќе се утврдува

До темел изгоре Универзалната сала во Скопје, откако вчера претпладнево избувна пожар, кој заврши без жртви или повредени, но со материјална штета која допрва треба да се утврдува. Причините за пожар за сега не се познати, но приведени се тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот. …

Повеќе »

Сончево и топло со мала облачност

– Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло …

Повеќе »

Ковачевски најавува повнимателен пристап при селекцијата на кадрите доколку добие уште еден мандат

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, доколку добие нов мандат за премиер, најавува многу повнимателен пристап при селекцијата и именувањето на човечките ресурси кои ќе раководат со институциите.  Во изјава за медиумите, Ковачевски рече дека како премиер во времето на енергетската и екномската криза поголем фокус имал на менаџирање на кризата …

Повеќе »

„Еко – живот“ реагира на бетон околу дрвја во центарот, од Општина Кавадарци велат ненамерно е и ќе се поправи 

Друштвото за заштита на природата „Еко – живот“ од Кавадарци попладнево реагираше поради бетон околу дрвја во центарот на градот. Претседателот Роберто Паризов рече дека дрвјата потешко ќе се наводнуваат, а и се нагрдувал ликот на самиот дрворед, а имало и реакции од случајни минувачи, што биле изненадени од ваквата …

Повеќе »

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

– Потребата за доследно спроведување на Договорот од Преспа, но и ставот дека претставува не само обврска за земјата, туку и дека не може еднострано да се промени, ги истакнале грчки дипломатски извори, пренесува државната агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Дипломатските извори, ги коментирале сите актуелни прашања …

Повеќе »

Уставен суд ја укина Одлуката за суспензија од примена на ДУП во Општина Куманово

Уставниот суд денеска ја укина Одлуката за суспензијата од приемна на Деталниот урбанистички план во дел од урбаната единица „Б. С. Гојчо“ во Куманово, донесен на седница на општината, бидејќи оценил дека има отстапки во постапка за донесување на оспорената одлука. Судот, како што наведуваат во соопштението, оценил дека Одлуката …

Повеќе »

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател на државата на Европскиот фронт Бујар Османи денеска ги демантираше и ги оцени како лажни вести обвинувањата од опозицијата дека наводно скрил важен документ од ЕК потпишан од 25 нивни членки освен од Грција и Франција дека до септември ќе не пуштаат …

Повеќе »

Битиќи: Железницата ќе ја направиме европска и модерна,  железничарите да не стравуваат за работните места  

Заедно ќе ја трансформираме Железницата и ќе ја направиме европска и модерна. Со либерализацијата отворивме ново поглавје во железницата и создадовме нови можности, но нема потреба од загриженост за вашите работни места, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на свеченоста што се одржа денеска по повод 151 година од …

Повеќе »

Драмско студио Тетово најавува премиерна претстава, ќе имаат и две гостувања во Гостивар и Белград

Драмското студио Тетово најавува две гостувања со претставата „ВАЈ-ФАЈ“, како и почнување со проби за премиера на комедијата „ВИ Спасувач на бракови“. На 17 април Драмското студио Тетово ќе почне да се подготвува за новата театарска претстава. – Ќе се работи на текст на нашиот прославен драмски писател и текстописец …

Повеќе »

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска примил делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава, соопшти Кабинетот на претседателот. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочил дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот …

Повеќе »