ВЕСТИ

Во земјава регистриран првиот случај на зараза со новиот сој „кракен“

Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“. -Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 …

Повеќе »

ЕСМ вчера произведе 16.048 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведe 16.048 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти. Како што информираат денеска од Владата, во термоелектраните се произведени 13.274 …

Повеќе »

Приведени две странски државјанки, го злоупотребиле туристичкиот престој

Полицијата привела две странски државјанки откако ги затекнала во угостителски објект. Тие се задржани во полициска станица за натамошна постапка, поради сомневање за злоупотрба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта. Според СВР Тетово, ноќеска околу 1 часот и 30 минути, во угостителски објект покрај автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници …

Повеќе »

Спасовски на ТВ Плус: Во 2022 запленети 2,4 тони дрога, борбата против шверцот со дрога останува приоритет и во 2023 година

Во интервјуто на ТВ Плус, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето како ја оценува 2022 година во однос на сузбивањето на нелегалната трговија со дрога, потенцираше дека 2022 за МВР беше успешна година, не само во делот на сузбивањето на трговијата со дрога и оружје, туку и …

Повеќе »

Спасовски: Само во 2022 имаме откриено 124 дела на корупција со штета над 227 милиони денари, продолжуваме со интензивната борба

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за ТВ Плус ја дефинираше борбата со корупцијата како еден од стратешките приоритети на МВР и на државата. „Во самиот старт на преземањето на раководењето со МВР ја поставивме работата на три принципи: целосна професионализација, департизација и декриминализација. На основа на тие …

Повеќе »

Гугучевска за МИА: ДИК работи на формирање Центар за обуки за избори, што треба да почне да функционира до пролетта 2024.

Државната изборна комисија (ДИК) работи на формирање на Центар за обуки за избори, што треба да почне да функционира до пролетта 2024 година, изјави во интервју за МИА портпаролката на Комисијата Љупка Гугучевска. – Во текот на изминатата година имавме многу активости кои се однесуваат на исполнување на стратешките цели …

Повеќе »

Апели за надминување на партиските интереси со цел процесот за членство во ЕУ да се направи неповратен

Земјава ги започна преговорите за членство со ЕУ, но за нивно продолжување потребно е спроведување на уставните измени за што е потребен широк политички консензус и двотретинско мнозинство во Собранието. Од власта стигнуваат пораки за надминување на теснопартиските интереси и за создавање на политички фронт за европската иднина на земјата, …

Повеќе »

Али Ахмети: Застапувањето на жените во институциите го почнавме од нула, денеска сме среќни со постигнатото

Претседателот на ДУИ Али Ахмети по средбата со граѓаните на Гостивар се сретна и со Унијата на жени на ДУИ во Гостивар. Пред присутните говор одржа претседателот Ахмети, потпретседателката и пратеничката Арбана Пашоли и пратеничката Вјолца Латифи Адеми. Сами Фрашери има многу разработена филозофија и, случајно, тој е и основач …

Повеќе »

Потврдено богато наоѓалиште на злато во источна Србија

Богато наоѓалиште на злато е пронајдено на локалитетот Чока Ракита во општина Жагубица на истокот на Србија, соопшти Министерството за рударство и енергетика на Србија. Како што се наведува во соопштението, и прелиминарните резултати од технолошките испитувања покажуваат дека е можно да се произведе концентрат од чисто злато, со вкупна …

Повеќе »

Трет месец по ред се намалуваат цените на производителите во Германија

Цените во Германија го забавуваат растот трет месец по ред, а експертите веруваат дека врвот на инфлацијата е поминат, соопшти денеска Федералниот завод за статистика. „Се повеќе работи укажуваат дека врвот на инфлацијата е зад нас“, вели економистот на Хаук Банк, Ауфхаузер Лампе. Тој рече дека намалувањето на цените на …

Повеќе »