Breaking News

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД


Претседателот Стево Пендаровски денеска примил делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава, соопшти Кабинетот на претседателот.


Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочил дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ.


-На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Северна Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор.

Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион, се наведува во соопштението.


Претставниците на организацијата го запознале претседателот Пендаровски со текот на нивните активности коишто се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.

дма/са/ Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски .


Извор: МИА