Breaking News

ЕКОНОМИЈА

ЕСМ: Испорачана е топлинска енергија до сите објекти каде потрошувачите и куќните совети навремено ги исполниле обврските

Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до сите објекти, во кои потрошувачите и куќните совети навремено ги исполнија своите обврски за одржување и проверка на грејната инсталација пред почетокот на грејната сезона добија навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија, информираат од ЕСМ. Оттаму посочуваат дека за да …

Повеќе »

Измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри на собраниската Комисија за европски прашања

Во Собранието денеска Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 64. седница. На дневен ред пред членовите на оваа Комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање и Предлог на законот за советодавен систем за земјоделството …

Повеќе »

Соработка со Хрватската народна банка како дел од Програмата за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан

Од Народната банка информираат дека во рамки на втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан, насочена кон исполнувањето на критериумите и условите за интеграција во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), е реализирана билатералната мерка за запознавање со правилата …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска – Крусе: Статистичката улога на Народната банка е витална за носење соодветни макроекономски политики

Квалитетното, навремено и транспарентно извршување на статистичката функција на Народната банка е од витално значење за обезбедувањето на економската стабилност, водењето на монетарната политика и за донесувањето одлуки засновани врз информации од страна на носителите на политиките, за стопанството и за граѓаните. Народната банка, во согласност со највисокиот статистички стандард …

Повеќе »

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика

И покрај предизвиците од затегнувањето на финансиските услови и глобалните случувања, банкарскиот систем ја задржа својата здравост и стабилност за што придонес имаат и преземените макропрудентни политики на централната банка. Ова беше посочено на состаноците на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска, со високи претставници на …

Повеќе »

АНАЛИЗА: Општински буџети – најмногу се троши за плати, главна приходна ставка се трансферите

Општина Сарај со највисока стапка на реализација на приходите по основ на данок на имот во период од половина година. Дел од општините имаат позначајни приходи и од наплата на такси и надоместоци, пишува Порталб.мк. Платите, придонесите и надоместоците се доминантна расходна ставка во општинските буџети. Приходи и трошења на …

Повеќе »

Анкета: На мнозинството Хрвати им е потребна втора работа за да ги задоволат основните потреби

Двајца од тројца Хрвати размислуваат да најдат втора работа за да ги задоволат своите основни потреби, бидејќи нивната моментална плата не е доволна поради континуираниот пораст на сите цени и трошоците за живот, објави хрватската новинска агенција Хина, цитирајќи ги резултатите од анкетата на веб-страница за барање работа „MojPosao“. Вкупно …

Повеќе »

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора на Северна Македонија вчера ја поднела Иницијативата што ја најави за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на РС Македонија, со предлог за донесување решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорениот …

Повеќе »

Бројот на комерцијални летови во ЕУ во септември и натаму под предпандемиското ниво  

Во текот на септември годинава во ЕУ биле реализирани 605. 806 комерцијални летови, што претставува раст за 7,9 отсто во споредба истиот месец лани, но оваа бројка сепак е пониска за 8,9 проценти во однос на септември 2019 година, соопшти Европската статистичка служба (Евростат).  Како што јави дописникот на МИА …

Повеќе »

Средби на Бесими со ММФ: Економските политики добро поставени, економијата ги подобрува изгледите

Министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска оствариле средби со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на кои било оценето дека економските политики во земјава создаваат солидна основа за зголемување на потенцијалот на раст и остварување на повисоки стапки за раст на среден рок. На средбите, како што соопшти …

Повеќе »